Лисабонски саем на книгата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Девојки на Лисабонскиот саем на книгата, 2006 година.

Саемот на книгата во Лисабон (португалски: Feira do Livro de Lisboa) ― саем на книгата што е одржуван секоја година во Лисабон, Португалија. Одржуван е во Паркот „Едуардо VII“.[1]

Лисабонскиот саем на книгата е еден од најстарите културни фестивали што се одржуваат во главниот град на Португалија. Свечено бил отворен во 1930-тите, а неговата традиционална местоположба е Паркот „Едуардо VII“, најголемиот парк во Лисабон, кој се наоѓа во близина на монументалниот Праса Маркес де Помбал.[2]

Настрана од изложувачите, публиката може да ужива во читањето и купувањето на стари и ретки томови, како и да ужива во предностите на дарежливите попусти на цените што ги предизвикува саемот. Повеќето од книгите (стари или нови наслови и автори) се на португалски, но сепак има многу тезги на кои се изложени публикациите на англиски јазик, што може да ги привлече заинтересираните луѓе што зборуваат англиски, кои не сакаат само да ги пробаат шармот на настанот, но и да се вратат дома некои реткости од нивниот престој во Лисабон.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Feira do Livro de Lisboa já abriu“. Expresso (po). Impresa. 24 април 2012. Посетено на 12 јуни 2022.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. „Lisbon Book Fair“. www.lisbon-tourism.com. Посетено на 12 јуни 2022.