Липооксигеназа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Липооксигеназа
2p0m.png
Структура на зајачка ретикулоцитна 15S-липооксигеназа.[1]
Назнаки
СимболLipoxygenase
PfamPF00305
InterProIPR013819
PROSITEPDOC00077
SCOP2sbl
SUPERFAMILY2sbl
OPM-суперсемејство87
OPM-белковина2p0m

Липооксигеназите (EC 1.13.11.-) се фамилија на ензими кои содржат железо во својата структура (не хем), од кои повеќето ја катализираат диоксигенацијата на полинезаситени масни киселини во липидите кои содржат cis,cis-1,4- пентадиен во клеточно-сигнализирачки агенси кои имаат различна функција како автокрина сигнализација кои ја регулираат функцијата на нивните родителски клетки, паракрина сигнализација кои ја регулираат функцијата на околните клетки, и ендокрина сигнализација кои ја регулираат функцијата на далечните клетки.

Липооксигеназите се сродни една на друга во нивната структура и во диоксигенациската активност. Сепак, една липооксигеназа, ALOXE3, иако има липооксигеназна структура, поседува релативно мала диоксигенациска активност; таа воглавно има активност на изомераза и ја катализира конверзијата на хидроперокси незаситени масни киселини до нивните 1,5-епоксид, хидроксил деривати.

Липооксигеназите се присутни кај еукариотите (растенија, габи, животни, протисти); додека третиот домен на терестријален живот, археите, поседуваат протеини со мала сличност во аминокиселинската секвенца (~20%) на липооксигеназите, овие протеини немаат резидуи за врзување на железото и затоа не се проектирани да поседуваат липооксигеназна активност.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Conformational flexibility in mammalian 15S-lipoxygenase: Reinterpretation of the crystallographic data. „Proteins“ том  70 (3): 1023–32. февруари 2008 г. doi:10.1002/prot.21590. PMID 17847087. 
  2. Biosynthesis, biological effects, and receptors of hydroxyeicosatetraenoic acids (HETEs) and oxoeicosatetraenoic acids (oxo-ETEs) derived from arachidonic acid. „Biochimica et Biophysica Acta“ том  1851 (4): 340–55. doi:10.1016/j.bbalip.2014.10.008. PMID 25449650.