Липково

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 00:20, 24 февруари 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (→‎Родови: Правописна исправка, replaced: -тиот век → век)
Липково
Липково во рамките на Македонија
Липково
Местоположба на Липково во Македонија
Липково на интерактивна карта

Карта

Координати 42°9′23″N 21°35′7″E / 42.15639° СГШ; 21.58528° ИГД / 42.15639; 21.58528Координати: 42°9′23″N 21°35′7″E / 42.15639° СГШ; 21.58528° ИГД / 42.15639; 21.58528
Општина Липково
Област Жеглигово
Население 2.644 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 17056, 17556
Надм. вис. 448 м
Липково на општинската карта
Липково во Општина Липково.svg

Атарот на Липково во рамките на општината
Commons-logo.svg Липково на Ризницата


Липково (албански: Likovës) — село и административно седиште на истоимената општина, во областа Жеглигово, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Жеглигово, во западните падини на Скопска Црна Гора, на десниот брег на Липковска Река. На 2 километри од Липково се наоѓа Липковското Езеро. Оддалечено е 13 километри западно од Куманово. Селото е рамничарско, на надморска височина од 450 метри.

Историја

Во XIX век селото било дел од Кумановската каза во Отоманското Царство.

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Липково живееле 490 жители, од кои 250 Албанци и 240 Македонци.[2]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Липково имало 48 Македонци, патријаршисти, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Населението на селото се зголемувало, така што има население од 1.507 жители во 1961 година, а во 1994 година живееле 2.339 жители.

Според податоците на последниот попис од населението на Македонија во 2002 година, селото има 2.644 жители, од кои 2.631 Албанец, 2 Македонци и 11 останати:[4]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 490[2] 48[6] 1.418 1.663 1.507 1.741 1.929 2.339 2.644

Родови

Како еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Дерњан (53 куќи), каде што се доселил кон крајот на 18 век. Потекнува од местото Дерњан од областа Мат (северна Албанија).[7]

Личности

Родени

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 217.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126-127.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, pp. 126 – 127.
  7. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 10 стр.

Надворешни врски