Липико
Липико (множина: мапико) е вид дрвена маска која што потекнува од источна Африка и се користи за церемонијални танци на народот Маконде во Мозамбик и Танзанија.

Опис
[уреди | уреди извор]Мапико е церемонијален танц кој што потекнува од африканскиот народот Маконде од покраината на Кабо Делгадо во северен Мозамбик. Маските Мапико се носат за време на обредите на преминување на обрежани момчиња. Овие дрвени маски се изрезбани најчесто од страна на некои мајстори или занаетчии, направени се од меко дрво и понекогаш содржат и човечка коса. Тие претставуваат човечки глави и може да содржат различни лузни.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Липико маска со лузни, Британски музеј
- Липико маска, Музеј на антропологија на UBC (Ванкувер/Канада)
- Липико од Маконде од Танзанија
- Мапико танцување
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Lopes, Mariana Conde Rhormens (2019). „O Mapiko de Moçambique: variações e transformações“. Brazilian Journal of Development (португалски). 5 (12): 32155–32164. doi:10.34117/bjdv5n12-292.
| ||||||||||||||||||