Линија 1 (пекиншко метро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Линија 1
一号线
BJS Line 1 icon.svg
Beijing Metro Type SFM04.JPG
Статистики
Тип подземна железница
Систем Пекиншко метро
Состојба сообраќа
Терминали Пинггуојуен
Сехуеј Исток
Бр. на станици 23
Раководство
Отворена 1971
Превозник Пекиншка метро-управа
Депо(а) Гученглу, Сехуеј
Технички податоци
Должина (линија) 31,6 км
Ширина на колосек 1435 мм
Возна брзина 80 км/ч (макс.)

Линијата 1 (кин. 北京地铁1号线, пинјин: Běijīng Dìtiě Yī Hào Xiàn) е најдолгата, најстарата и најпрометната линија на Пекиншкото метро. Минува под булеварот Чанган (најголема сообраќајница во градот) и низ центарот на Пекинг, со станици на обете страни на плоштадот Тјенанмен. Линијата се означува со црвена боја.

Билети[уреди | уреди извор]

На линијата се плаќа паушал од 2 јуани (~14 ден.) со неограничени префрлања.[1]

Часови на сообраќање[уреди | уреди извор]

Првиот воз кон исток поаѓа од Гученглу во 04:58 ч. и Пинггуојуен во 05:10 ч. Првиот воз конзапад поаѓа од Сехуеј во 04:56 ч. и Сехуеј Исток во 05:05 ч. Последниот воз кон исток поаѓа од Пинггуојуен во 22:55 ч. Последниот воз кон запад поаѓа од Сехуеј Исток во 23:15 ч.

Маршрута[уреди | уреди извор]

Западниот терминал (првата станица) на линијата 1 е Пинггуојуен, кај Западните Ридови во реонот Шеџингшан. Потоа линијата продолжува југоисточно. Втората станица е Гученг Лу, и оттаму оди на исток по права линија, долж булеварот Чанган, сè до нејзиниот источен терминал, станицата Сехуеј Исток и реонот Чаојанг, веднаш по IV обиколница. Линијата минува низ Сјидан, Вангфуџинг и Дунгдан, низ важните деловно-стопанските центри центри Сјиченг and Дунгченг, како и централното деловно подрачје на Пекинг близу Кинескиот светски трговски центар. Линијата 1 два пати го сече кружниот коловоз на линијата 2, кај Фусјингмен и кај Џенгуомен и еднаш со линијата 5 кај Дунгдан. Од Сехуеј и Сехуеј Исток патниците можат да се префрлат на линијата Батунг која води понатаму на исток, до реонот Тунгџоу. Должината на линијата изнесува 30,4 км. Има 23 јавно достапни станици. Сите се подземни, освен Сехуеј и Сехуеј Исток.

Пекиншко метро-План.svg

Станици (од запад кон исток)[уреди | уреди извор]

Реон Станица
бр.
Име на станицата
Кинески
пинјин
Траење
на
возењето
Растјание
(км)
Префрлања Околни автобуски постојки[2]
Шеџингшан 103 Пинггуојуен
苹果园
píngguǒyuán
0:00 0,0 311 318 325 336 389 396 399 621 622 746 850 921 929 929支 931 931支 931支1 931支2 931专 948 958 959 965 972 972支 973 977 981
104 Гученг
古城
gǔchéng
0:05 3,7 318 325 327 337 354 385 399 621 728 747 850 910 920 938支4 942 958 959 969支 975
105 Забавен парк Баџао 八角游乐园
bājiǎo yóulèyuán
0:08 5,7 325 327 337 354 385 389 621 622 728 817 959
106 Бабаошан
八宝山
bābǎoshān
0:11 7,6 337 373 389 620 728 747 小68
107 Јиченлу
玉泉路
yùquán lù
0:13 9,1 337 338 354 370 373 373支 389 603 613 619 620 621728 736 747 817
Хајдјен 108 Вукесунг
五棵松
wǔkēsōng
0:16 10,9 64 337 370 373 436 620 624 689 693 728 740 751913 952 967 981 982 983 996 特9 运通115运通120
109 Ваншоулу
万寿路
wànshòulù
0:19 12,7 32 33 308 335 337 370 373 373支605 605支 609 620 624 711 728 747 817 817支981
110 Гунгџуфен
公主坟
gōngzhǔfén
0:22 14,0 1 4 57 323 324 368 394 483 609 613 631 631快 运通103 运通108 运通120
111 Воен музеј 军事博物馆
jūnshì bówùguǎn
0:24 15,2 1 4 21 65 68 205 308 320 320区 337 617 728 802
Сјиченг 112 Мусјиди
木樨地
mùxīdì
0:26 16,3 1 4 21 65 68 205 308 320 320区 337 617 728 802
113 Нанлишелу
南礼士路
nánlǐshì lù
0:29 17,6 1 4 15 37 37区 52 205 209 337 728 802 937 (支 1 2 3 4 5 6 7) 937金星 937专 937支3专
114
204
Фусјингмен
复兴门
fùxīngmén
0:22 18,0 Линија 2 1 4 15 37 37区 52 205 337 728 802
115 Сјидан 西单
xīdān
0:24 19,6 Линија 4 1 4 10 22 37 37区 52 70 205 728 802 机场2
116 Тјенанмен Запад
天安门西
tiān'ānmén xī
0:26 20,9 1 4 5 10 22 37 37区 52 205 728 802
Дунгченг 117 Тјенанмен Исток
天安门东
tiān'ānmén dōng
0:28 21,8 1 4 10 22 37 37区 52 59 120 125 126 203 205 210 728 802
118 Вангфуџинг
王府井
wángfǔjǐng
0:30 22,6 10 20 37 41 59 103 104 104快 120 125 126 420 802
119
507
Дунгдан 东单
dōngdān
0:32 23,4 Линија 5 1 10 20 25 37 41 52 106 108 110 111 116 684 685 728 802 814
Дунгченг
[бел 1]
120
211
Џенгуомен
建国门
jiànguómén
0:34 24,6 Линија 2 25 39 43 44 52 122 434 637 638 750 800 820 821 特2
Чаојанг 121 Јунганли
永安里
yǒng'ānlǐ
0:37 26,0 1 4 9 37 43 120 125 403 639 640 703 729 810
122 Гумао 国贸
guómào
0:39 26,8 Линија 10 1 4 9 28 113 205 402 405 421 488 503 666 668 673 683 686 706 707 728 729 801 802 810 848 859 938 938支(4, 5, 9) 特1特3特8 运通107
123 Даванглу
大望路
dàwàng lù
0:41 28,2 1 11 30 31 57 312 486 502 605 608 647 648 666 667 669 677 728 810 852 930 938 976 984 985 988
124
BT01
Сехуеј 四惠
sìhuì
0:44 29,9 Линија Батунг 1 4 57 312 322 363 397 402 405 455 468 475 495 496 506 628 648 649 666 671 725 728 753 808 810 825 847 912 938支2 984 985 989
125
BT02
Сехуеј Исток 四惠东
sìhuìdōng
0:47 31,6 Линија Батунг 312 363 397 455 468 475 506 628 649 666 718 728 938 938支2

Други информации[уреди | уреди извор]

Воз на Линија 1 во Вангфуџинг
Перон на станицата Тјенанмен Исток

Возен парк[уреди | уреди извор]

  • DK11 #G201-G213 (депо: Гученглу)
  • BD2 #G115-G126 (депо: Гученглу)
  • DK20 #G108-G114 (депо: Гученглу)
  • DKZ4 #S401-S431 (депо: Сехуеј)
  • SFM04 #G432-G451 (депо: Гученглу)

Непристапни станици[уреди | уреди извор]

Возниот парк на линијата 1 се чува и одржува во депоата на станиците Гученглу и Сехуеј.

По Пинггуојуен, линијата 1 продолжува на запад во воената база, кајшто има уште неколку станици, вклучувајќи ги 54# Хејшетоу/Вулитуо (黑石头/五里坨), 53#/бр. 101 Гаоџинг/Пекиншки воен реон (高井/北京军区) и 52#/бр. 102 Фушоулинг/Школа за обука на метро-возачи (福寿岭/地铁驾校). Овие станици не се отворени за јавноста.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Перонот за линијата 1 на станицата Џенгуомен во целост му припаѓа на реонот Дунгченг. Перонот на линијата 2 се протега преку границата на реоните Чаојанг и Дунгченг.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Курс: јуан - денар". XE.com — претворач на валути. 1 ноември 2013. конс. 19 јуни 2011. 
  2. Пекиншко метро - префрлања (кинески)