Линеарно писмо Б

Од Википедија — слободната енциклопедија
Линеарно писмо Б
Тип
Слоговно
со додатни логографски знаци
Правец на пишувањеод лево кон десно Уреди на Википодатоците
ЈазициМикенски
Сродни писма
Матични системи
Можеби Линеарното писмо А
  • Линеарно писмо Б
ISO 15924
ISO 15924Linb, 401 Уреди на Википодатоците, ​Linear B
Уникод
Уникоден назив
Linear B
U+10000–U+1007F слоговни знаци
U+10080–U+100FF логограми
 Оваа страница може да содржи фонетски симболи од меѓународната фонетска азбука (МФА).

Линеарно писмо Бписмо употребувано за пишување на микенскиот јазик, ран облик на грчкиот јазик. Ова писмо ѝ претходи на грчката азбука за неколку века: по сѐ изгледа дека тоа изумрело со изумирањето на микенската цивилизација; во периодот помеѓу падот на оваа и зачетокот на следната грчка цивилизација не постоело писмо и писменост. Тој перидо се нарекува Грчко темно доба.

Линеарното писмо Б е сродно на Линеарното писмо А, сѐ уште недешифрирано претходно писмо за пишување на минојскиот јазик, и на подоцниот Кипарски слоговник; се смета дека слабото следење на фонемскиот принцип се должи на изведувањето на ова писмо од друго писмо. Линеарното писмо Б е делумно слоговно, со додатни логографски знаци кои се детерминативни (определни), или одредни (давајќи „класи“ и „типови“). Како такво, ова писмо повеќе личи на современото јапонско писмо во неговата графемска структура.

Писмото[уреди | уреди извор]

Линеарното писмо Б има околу 200 знаци, кои се делат на слоговни знаци со фонетска вредност и логограми (или идеограми) со семантичка вредност.

Слоговни знаци[уреди | уреди извор]

На Линеарното писмо Б му е назначена Уникодна Низа 10000–1007F за слоговни знаци и 10080–100FF за логограми.

-a -e -i -o -u
𐀀 a 𐀁 e 𐀂 i 𐀃 o 𐀄 u
d- 𐀅 da 𐀆 de 𐀇 di 𐀈 do 𐀉 du
j- 𐀊 ja 𐀋 je 𐀍 jo 𐀎 ju
k- 𐀏 ka 𐀐 ke 𐀑 ki 𐀒 ko 𐀓 ku
m- 𐀔 ma 𐀕 me 𐀖 mi 𐀗 mo 𐀘 mu
n- 𐀙 na 𐀚 ne 𐀛 ni 𐀜 no 𐀝 nu
p- 𐀞 pa 𐀟 pe 𐀠 pi 𐀡 po 𐀢 pu
q- 𐀣 qa 𐀤 qe 𐀥 qi 𐀦 qo
r- 𐀨 ra 𐀩 re 𐀪 ri 𐀫 ro 𐀬 ru
s- 𐀭 sa 𐀮 se 𐀯 si 𐀰 so 𐀱 su
t- 𐀲 ta 𐀳 te 𐀴 ti 𐀵 to 𐀶 tu
w- 𐀷 wa 𐀸 we 𐀹 wi 𐀺 wo
z- 𐀼 za 𐀽 ze 𐀿 zo
Историја на
грчкиот јазик

(видете исто така: Грчко писмо)
Прагрчки (о. 2000 п.н.е.)
Микенски (о. 1600–1100 п.н.е.)
Старогрчки (о. 800–300 п.н.е.)
Дијалекти:
Еолски, Аркадокипарски, Атички,
Дорски, Јонски
Коински (од о. 300 п.н.е.)
Средновековен (о. 330–1453)
Современ грчки јазик (од 1453)
Дијалекти:
Кападокиски, Кипарски,
Демотски, Грико, Катаревуса,
Понтски, Цаконски, Јевански

Имињата на знаците се грубо фонетски, бидејќи највеќето претставувале цели класи на слогови, видете Микенски јазик. Треба да се напомене дека знаците со „r“ се користеле за пишување на фонемите /r/ и /l/, а серијата „q“ се користи за праиндоевропските /kʷ/, /gʷ/ и /gʷʰ/ - последното од овие било занемено до состојба на /kʷʰ/ во протогрчкиот јазик. Постојат извесни други слоговни знаци, чија вредност е непозната, оспорена или нечеста. Нив ги спомнуваме или по број, или по некоја хипотетичка фонетска апроксимација, на пример 64, a2, a3, au, nwa, pu2, итн.

Ова писмо е изданок на Линеарното писмо А, кое, осмислено за пишување на минојски јазик, не било погодно за пишување на грчки. Микенците морале да се снаоѓаат, сѐ до неколку века подоцна, кога била развиена првата Грчка азбука.

Идеограми[уреди | уреди извор]

Заради карактерот на сочуваните текстови, идеографското претставување на избројливи предмети е многу често. Не сите вредности на идеограмите се познати, и нивниот изговор е, во најдобар случај, предмет на образовани нагаѓања. Идеограмите претставуваат концепти како МАЖ, ЖЕНА, КРАВА, БИК, МАСЛО, ВИНО, ТКАЕНИНА, ЗЛАТО, БРОНЗА и др. Постојат неколку дузини знаци кои претставуваат разни грниња и садови. (Пример: триногалка, за ти-ри-но-га-ла-ка плус логограмот за „триножно грне“.)

Бројчените наводници за идеограмите биле осмислени од Вентрис и Бенет, и поделени во функционални групи соодветствувајќи на преломот во Бенетовиот индекс. Нумерацијата на групите започнува со 100, 110, 120 итн., со оставени резервни броеви за понатамошни додавања. Уникод (од верзија 5.0) шифрира 123 Линеарни Б идеограми.

глифа УМЗ Бенет значење
луѓе и животни
𐂀 U+10080 100A маж
𐂁 U+10081 102 A жена
𐂂 U+10082 104 Cn елен
𐂃 U+10083 105 Ca коњ (или сл.)
𐂄 U+10084 105b Ca кобила
𐂅 U+10085 105a Ca пастув
𐂆 U+10086 106b C-D овца (женка)
𐀥 U+10025 *21 овца
*75 едногодче?
𐂇 U+10087 106a C-D овен
𐂈 U+10088 107b C-Mc коза
𐂉 U+10089 107a C јарец
𐁒 U+10052 *22 коза (каква било)
𐂊 U+1008A 108b C маторица
𐂋 U+1008B 108a C вепар
𐁂 U+10042 *85 C свиња
𐂌 U+1008C 109b C крава
𐂍 U+1008D 109a C бик
𐀘 U+10018 *23 вол
мерни единици
110 волумен
111 волумен
112 суво
113 течно
114 тежина
115 тежина
116 тежина
117 тежина
118 талент
по сува мера
𐂎 U+1008E 120 E-F жито
𐂏 U+1008F 121 F јачмен
𐂐 U+10090 122 F-U маслинка
𐂑 U+10091 123 G-Un зачин
124 G цибора
𐂒 U+10092 125 F цибора?
126 F цибора+ku
𐂓 U+10093 127 Un овошје?
𐂔 U+10094 128 G шафраника
оружје
𐃆 U+100C6 230 R копје
𐃇 U+100C7 231 R стрела
𐃈 U+100C8 232 Ta двојна секира?
𐃉 U+100C9 233 Ra меч
двоколки
𐃌 U+100cc 240 Sc двоколка со тркала
𐃍 U+100CD 241 Sd Se двоколка без тркала
𐃎 U+100CE 242 Sf Sg рамка на двоколка
𐃏 U+100CF 243 Sa So тркало

Архиви[уреди | уреди извор]

Корпус[уреди | уреди извор]

Таблиците се класифицираат по местото на нивното наоѓање.

  • KN Кносос: ц. 4360 таблици (ова е всушност недешифрираните текстови од Линеарното писмо А)
  • PY Пилос : 1087 таблици
  • TH Теба: 99 таблици + 238 издадени во 2002.
  • MY Микена: 73 таблици
  • TI Тиринс: 27 таблици.
  • KH Ханија: 4 таблици
  • други 170 написи се најдени во садови.

Долгоочекувањето издавањето на Тебанските таблици (Л. Годарт и А. Сакони, 2002) се смета за разочарувачко споредено со претходните ветувања на авторите.

Доколку е автентичен, Кафканскот камен, кој датира од 17 век п.н.е., би бил најстариот микенски напис, и како таков, најраното сведоштво за пишаниот грчки јазик.

Содржина[уреди | уреди извор]

Главните градови и палати го користеле Линеарното писмо Б за исплата на добра. Некои чести предмети се волна, овци и житарици, кои често биле давани на верници и единици на крајбрежната стража.

Таблиците се чувале во кошници на полици. КОга некои од поголемите палати изгореле како резултат на тектонска или вулканска активност (видете Кносос), огните направиле „печени глинени таблици“ од делот таблици досега пронајден. Во глината се гледаат отпечатоци од плетката на кошниците.

Откривање[уреди | уреди извор]

Првата глинена таблица во Кносос била откриена од британскиот археолог Артур Еванс на 31 март, 1900, а на 6 април тој открил значајно голема група таблици, со димензии 12.5x25 см (5x10 инчи).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]