Линдзи Стирлинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Линдзи Стирлинг е родена на 21 септември 1986 Санта Ана, Калифорнија, САД. Таа е американски виолинист,танчер,композитор. Инаку Линдзи Стирлинг е можеби првата (и единствената) артистка во светот која направила комбинација од класична виолина, модерен танц. На 18 септември 2012 година Линдзи го издаде својот прв албум, наречен Линдзи Стирлинг кој бил инспириран од неверојатно успешното присуство на нејзините песни на Ајтјунс. Составен од 10 оригинални песни, албумот совршено го доловува специфичниот виолина-дабстеп стил на Линдзи. Таа компонира, прави кореографии и ги режира сите свои оригинални музички дела и спотови.

Нејзина изјава:

„Мојот музички стил е одраз на мојата личност и се надевам дека преку него ќе ги споделам моите верувања дека никој не смее да се плаши од себе. Сите мои песни беа создадени така што опишуваат специфични теми кои јас ги извлеков од моите лични животни искуства. На пример, „Spontaneous Me“ е за храброста да се сакате себеси какви што сте. Од друга страна „Crystallize“ е многу подлабока песна: кристализирањето на водата е под влијание на нејзината околина и на тој начин се создаваат или прекрасни облици или безначајни маси. Слично на тоа верувам дека преку нашите мисли и околината која ја креираме, поседуваме моќ да направиме позитивна промена во нас и во другите околу нас.“

Љубовта кон класичната музика на Линдзи започнала со бесплатните концерти во нејзиниот град и со музиката на Чајковски, Бетовен и Моцарт која секојдневно била слушана во нејзиниот дом. На 5-годишна возраст таа ги молела нејзините родители за часови по виолина. По една година, нејзината мајка конечно попуштила и нашла професор кој можеле да си го дозволат и кој ќе ѝ одржува на Линдзи 15-минутни часови секоја втора недела. Таа се надевала дека на младата Линдзи брзо ќе ѝ здодее, но по 20 години тоа сè уште не се случило.