Лина Ѓорческа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лина Ѓорческа
2017 Roland Garros Qualifying Tournament - 31 (cropped).jpg
Ролан Гарос 2017
ИмеЛина Ѓорческа
Земја Македонија
Роден на3 август 1994 (1994-08-03) (25 г.)
Роден воТетово, Македонија
СпортTennis pictogram.svg Тенис
Игра со• десна рака
• дворачен бекхенд
Заработка$ 109,613
Поединечно
Победи-порази216–109
Титули8 ИТФ
Највисок пласманБр. 192
(30 јануари 2017)
Моментално местоБр. 192
(30 јануари 2017)
Во двојки
Победи-порази208–64
Титули34 ИТФ
Највисок пласманБр. 129
(5 декември 2016)
Моментално местоБр. 135
(30 јануари 2017)
Ажурирано на: 30 јануари 2017.

Лина Ѓорческа (родена на 3 август 1994 во Тетово) е македонска тенисерка.

Пласман на списокот на ВТА[уреди | уреди извор]

Нејзино највисоко место на ВТА листата во поединечна конкуренција е 192. место кое го постигнала на 30 јануари 2017. Во двојки, нејзино највисоко место е 129. место, кое го постигнала на 5 декември 2016. Ѓорческа досега во кариерата има освоено осум ИТФ титули во поединечна конкуренција и 34 ИТФ титули во двојки.

Играјќи за Македонија во Фед купот, Ѓорческа има биланс од 5 победи и 1 пораз (3–0 во поединечна конкуренција и 2–1 во двојки).

Таа е прогласена за најдобра млада спортистка на Македонија за 2013 година од страна на Сојузот на спортови на Македонија и Агенцијата за млади и спорт. Во 2016 година, таа е прогласена за најдобра спортистка на Македонија од страна на Агенцијата за млади и спорт. [1][2]

Ѓорческа станала првата македонска тенисерка која заиграла на Гренд слем, и тоа во квалификациите на Отвореното првенство на САД во 2016 година.[3] Во 2017 година, на Отвореното првенство на Австралија 2017, таа запишала две победи во првите две квалификациски кола, но била запрена во третото квалификациско коло од швајцарката Стефани Фегеле.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]