Лимфокин

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Лимфокини)

Лимфокини ― подгрупа на цитокини кои се произведуваат од вид на имунолошки клетки познати како лимфоцити.[1] Тие се белковински посредници обично произведени од Т-клетките што го насочуваат одговорот на имунолошкиот систем преку сигнализирање помеѓу неговите клетки. Лимфокините имаат многу улоги, вклучувајќи и привлекување на други имунолошки клетки (како што се макрофаги и други лимфоцити) на заразено место и нивно последователно активирање за да ги подготват на поттикнување имунолошки одговор. Лимфоцитите кои кружат можат да откријат многу мала концентрација на лимфокини и потоа да се движат нагоре по концентрацискиот градиент кон местото каде што е потребен имунолошки одговор. Лимфокините им помагаат на Б-клетките при произведување антитела.

Лимфокини кои се лачат од помошните Т-клетки се:[2]

  • Интерлеукин 2
  • Интерлеукин 3
  • Интерлеукин 4
  • Интерлеукин 5
  • Интерлеукин 6
  • Стимулирачки фактор на колонии од гранулоцити и макрофаги
  • Интерферон-гама

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Julius M. Cruse; Robert Edwin Lewis (20 April 2009). Illustrated dictionary of immunology. CRC Press. стр. 208–. ISBN 978-0-8493-7987-1. Посетено на 16 август 2022.
  2. Guyton, AC; Hall, JE. (2006) Medical Physiology, Elsevier Saunders. 11th edition, pp.447.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]