Лимфедем
Лимфедем | |
---|---|
Лимфедем на долните екстремитети | |
Специјалност | Медицинска генетика |
Лимфедем е состојба на локализиран оток предизвикан од компромитиран лимфен систем.[1] Лимфниот систем функционира како критичен дел од имунолошкиот систем и ја враќа интерстицијалната течност во крвотокот. Лимфедемот е најчеста компликација на терапијата на канцер или паразитски инфекции, но може да се забележи и кај голем број на генетски заболувања. Иако не може да се излечи и е прогресивна, голем број на третмани може да ги подобрат симптомите. Ткивата со лимфедем имаат висок ризик од инфекции бидејќи лимфниот систем е компромитиран.[2]
Иако не постои лек, третманот може да ги подобри исходите.[1] Тука спаѓаат компресивна терапија, добра нега на кожата, вежби и мануелна лимфатична дренажа (MLD), кои заедно се познати како комбинирана деконгестивна терапија.[1] Диуретиците не се корисни.[1]