Лимат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лимат
Лимат низ Цирих
Изворно имеLimmat  (германски)
Местоположба
ЗемјаШвајцарија
КантониЦирих, Аргау
Нас. местаЦирих (ЦХ), Шлирен (ЦХ), Дитикон (ЦХ), Етвил (ЦХ), Ветинген (АГ), Баден (АГ), Енетбаден (АГ), Нусбаумен (АГ), Турги (АГ), Унтерзигентал (АГ)
Физички особености
Извор 
 • местоЦиришко Езеро, Цирих
 • координати47°22′00″ N; 8°32′35″ E / 47.36677° СГШ; 8.54316° ИГД / 47.36677; 8.54316
 • надм. вис.406 м
Устие 
 • место
Аре, Гебенсторф
 • координати
47°30′07″ N; 8°14′15″ E / 47.5019° СГШ; 8.2375° ИГД / 47.5019; 8.2375Координати: 47°30′07″ N; 8°14′15″ E / 47.5019° СГШ; 8.2375° ИГД / 47.5019; 8.2375
 • надм. вис.
328 м
Должина36,3 км или 140 км (со Циришкото Ез. и Линт)
Големина на сливот2.416 км2 (со Циришкото Ез. и Линт)
Проток 
 • местоБаден
 • просечен101 м3 (MQ 1951-2013)
 • најмал69,2 м3 (MNQ 1951-2013),
24,6 м3 (NNQ, 2003)
 • најголем141 м3 (MHQ 1951-2013),
657 м3 (HHQ, 1999)
Особености на сливот
ТечениеАреРајнаСеверно Море
Притоки 
 • левиЗил, Шефлибах, Репиш, Дорфбах Шпрајтенбах
 • десниЛенгенбах, Фуртбах, Лугибах, Готесграбен
Водни телаЦиришко и Ветингенско Ез.
Мостот на Градскиот дом и хотелот „Цум Шторхен“ на Винскиот плоштад во Цирих.

Лимат (германски: Limmat, месно: Limet) — река во Швајцарија. Почнува како одлив од Циришкото Езеро на југот на градот Цирих. Оттука тече во северозападен правец, па по 35 км се велва во реката Аре. Устието се наоѓа северно од гратчето Бруг, близу устието на Ројс.

The main towns along долината на Лимат низводно од Цирих се Дитикон, Ветинген и Баден. Its main tributaries are the Линт, преку Циришкото Езеро, the Зил, во Цирих, и Репиш, in Дитикон.

Името за првпат е засведочено во VIII век како Линдимакус. Тоа е од галско потекло, од *линдо- „езеро“ (спор. велшки llyn) и *магос „низина“ (велшки: maes), што очигледно се однесувало на низината низ која течел Линт.[1]

Енергетика[уреди | уреди извор]

Како и многу реки во земјата, водите на Лимат интензивно се користат за производство на хидроенергија: долж течението од 35 км има не помалку од десет хидроелектрани.

Пловидба[уреди | уреди извор]

Во историјата Лимат играл важна улога како пловна сообраќајница. Во XII и XIII век по реката се патувало од Цирих за Кобленц. Во 1447 г. светиот римски цар Фридрих III прогласил правото на слободна пловидба по Лимат и од Рајна до Цирих. Поради струјата, пловидбата обично се одвивала само низводно, а товарните пловила се продавале кога ќе пристигнат.[2]

Денес реката е пловна само за помали пловила, а многу хидроелектрани имаат брододигалки. Традиционалните чамци кои пловеле по реката биле долги 10 м и со рамно дно, наречени „вајдлинг“.[3][4]

Најгорното течение на реката низ центарот на Цирих е пловно и за големи пловила, иако истите се ограничени од ниските мостови. На овој потег од Лимат сообраќа Циришкото бродопловно претпријатие (Zürichsee-Schifffahrtsgesellschaft), нудејќи превоз од Државниот музеј до Циришкото Езеро со нископрофилни моторни чамци.[5]

Населени места по течението[уреди | уреди извор]

Културно наследство[уреди | уреди извор]

На мочурливото земјиште помеѓу Лимат и Циришкото Езеро околу плоштадот „Зехселојтен“ во Цирих има мали острови и полуострови на кои се наоѓаат остатоци од праисториските наколни живеалишта на дрвени диреци кои служеле како заштита од поплавување на реките Линт и Јона. Наоѓалиштето Алпскиот кеј Цирих-Енге е сместено на брегот на Циришкото Езеро во Енге, месност во општината Цирих. Во соседството биле населбите Мал и Голем Хафнер при одливот ма Лимат, на површина од 0,2 км2 во градот Цирих. Освен тоа што се дел од 56-те места во Швајцарија заштитени како светско наследство на УНЕСКО под заедничкиот назив „Праисториски наколни живеалишта околу Алпите“, праистриските населби се прогласени за државно културно наследство.[6][7][8]

Слики[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Felix Stähelin (1935), „Die vorrömische Schweiz im Lichte geschichtlicher Zeugnisse und sprachlicher Tatsachen“, Zeitschrift für schweizerische Geschichte (германски), Leemann, Band 15, стр. 337–368
  2. „Limmat“. Historical Dictionary of Switzerland (германски). Посетено на 24 април 2013.
  3. „Funicular Boat Lifts of Switzerland“. funimag.com. Посетено на 24 април 2013.
  4. „Clubportrait Schiffe“ (германски). Архивирано од изворникот на 15 декември 2005. Посетено на 24 април 2013.
  5. „Limmat river cruises“. Zürichsee-Schifffahrtsgesellschaft. Архивирано од изворникот на 2022-01-22. Посетено на 24 април 2013.
  6. „A-Objekte KGS-Inventar“. Schweizerische Eidgenossenschaft, Amt für Bevölkerungsschutz. 2009. Архивирано од изворникот на 28 јуни 2010. Посетено на 10 декември 2014.
  7. „Prehistoric Pile Dwellings in Switzerland“. Swiss Coordination Group UNESCO Palafittes (palafittes.org). Архивирано од изворникот на 7 октомври 2014. Посетено на 10 декември 2014.
  8. „World Heritage“. palafittes.org. Архивирано од изворникот на 9 декември 2014. Посетено на 10 декември 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]