Прејди на содржината

Лилјана Петровиќ (менаџер)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лилјана Петровиќ (српски: Љиљана Петровић) — музички менаџер на Тоше Проески.

Таа се грижеше за неговата кариера по запирањето на соработката на Тоше со продукциската куќа Авалон. Ставајќи го под закрила на нејзината куќа Final Cut Production, Петровиќ успеала да го доведе Тоше до брилијантна балканска кариера. Подоцна Тоше премина во Award Entertainment, со оглед на фактот дека Final Cut отиде под стечај. Петровиќ беше сопатник на Тоше во кобната сообраќајна несреќа што се случи на 16 октомври 2007 година, но помина со полесни телесни повреди. По несреќата, во Македонија беше изложена на жестоки и контроверзни напади од медиумите во врска со начинот на водењето на кариерата на Тоше Проески. Петровиќ сѐ уште живее во Скопје и редовно се појавува на манифестациите кои се одржуваат во чест на Тоше Проески.