Лилјана Јанкова-Мојсова
Лилјана Јанкова-Мојсова (25 април 1924 во Кавадарци — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Пред војната, како ученичка во Белград, учествувала во напредното движење на средношколската младина. Во 1939 година била примена за член на СКОЈ и активно соработувала во напредниот младински печат. Поради покажаната активност во скоевската организација два пати била исклучена од организацијата. Домот на семејството Јанкови во Белград пред војната бил врталиште на напредните македонски студенти и често пати бил ползуван како сигурно илегално засолниште. Во 1941 година била примена за член на КПЈ кога и се вратила во Македонија. Повремено од Скопје патувала како курир до Кавадарци, а од есентта 1941 година била курир на Покраинскиот Комитет на КПМ и ја одржувала врската со ЦК БРП (к) во Софија, се до нејзиното апсење во зимата 1943 година, кога и била интериирана на 6 месеци вo Хасково, Бугарија. Во есента 1943 година дошла во партизанската база на „Бел Камен“ и била задолжена за работа по агитпроп во Четвртата македонска ударна бригада.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]| Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |