Лилјакот (оперета)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Изведба на оперетата во Опернхаус, Дизелдорф, 25 март 1954 година

„Лилјакот“ (германски: Die Fledermaus) — оперета во три чина на Јохан Штраус Помладиот. Либретото, засновано врз водвиљот „Ревејон“ на Мејлак и Алеви, го напишале К. Хафнер и Р. Жене, кои го преработиле францускиот текст според виенскиот вкус. Така, Штраус по сплет на околностите дошол до најдобрите соработници на Офенбах. Затоа, тој се зафатил со сета своја ревност, не излегувајќи од својот дом и партитурата ја завршил за шест недели (четириесет и две ноќи). Последните тактови ги завршил во новогодишната ноќ во 1873 година. Премиерата се одржала на 5 април 1874 година во Театарот на Виена во Виена под диригентството на самиот композитор. Со „Лилјакот“, Штраус ја подигнал оперетата на нивото на музичка комедија. Како последица на нејзината популарност, во текот на шест години, оперетата била поставена на повеќе од 170 театарски сцени во германското говорно подрачје. Исто така, во 1928 година, на репертоарот на Берлинската опера, ова дело станало рамноправно со редовната оперска програма.[1]

„Лилјакот“ за првпат била изведена на македонската сцена во јануари 1957 година.[2]

Лица[уреди | уреди извор]

  • Габриел фон Ајзенштајн, рентиер - тенор
  • Розалинда, неговата сопруга - сопран
  • Франк, управникот - баритон
  • Принцот Орловски - мецосопран
  • Алфред, неговиот учител по пеење - тенор
  • д-р Фалке, нотар - баритон
  • д-р Блинд, адвокат - тенор
  • Адела, слугинката на Розалинд - сопран
  • Жаба (Фрош), затворски чувар - говорна улога
  • Меланија, танчерка
  • Ајда, танчерка
  • Гости, танчери, слуги на принцот Орловски...

Содржина[уреди | уреди извор]

Прв чин: Соба во куќата на Ајзенштајн[уреди | уреди извор]

Адела го чита писмото на својата сестра кога го слуша гласот на обожавателот на нејзината господарка Розалинда. Во тој миг, Розалинда се приѕиркува низ вратата. Адела во писмото прочитала дека вечерта има танц на кој е поканета. Ја моли својата господарка за слободно попладне, но е одбиена. Алфред неочекувано влегува низ прозорецот. Розалинда не може да му одолее, но го оттурнува бидејќи слуша чекори кои доаѓаат. Пред да замине, Алфред ѝ ветува дека повторно ќе се врати вечерта. Сопругот на Розалинда, Ајзенштајн, влегува во собата, придружуван од неговиот адвокат. Ајзенштајн се расправа со него, бидејќи судот му ја зголемил казната на осум дена. На Ајзенштајн му се придружува и д-р Фалке. Тој му предлага следното утро да оди в затвор, а вечерва да му се придружи на забавата кај Орловски. Му се допаѓа идејата. Пред да замине на забавата, тој ѝ кажува на сопругата дека ќе оди в затвор. Тоа ѝ е чудно, бидејќи тој се облекол многу елегантно, но сепак му поверува. Кога заминува, ја повикува Адела и ѝ дозволува да излезе вечерта. Сплеткарот Фалке, кој и самиот ѝ напишал писмо на Адела во име на Ида, ја советува Розалинда да се облече како унгарска грофица, да дојде на забавата и да открие каков е всушност нејзиниот сопруг. Пристигнува Алфред, облечен во тоалетата на својот господар и се однесува како господин. Во тој момент се појавува директорот на затворот Франк кој вели дека дошол да го земе Ајзенштајн. Кога ќе го види Алфред облечен како господар, го носи во станицата.

Втор чин: Забава кај принцот Орловски[уреди | уреди извор]

На забавата сестрите дознаваат дека писмото што го добила Адела не го напишала Ида. Фалке му објаснува на Орловски дека подготвил многу посебна шега, која ја нарекува Одмазда на лилјакот. Веднаш потоа, тој му ја претставува Адела како Олга, иако таа му објаснува дека всушност е слугинката на Ајзенштајн. Преку вратата на директорот на затворот Франк кој влегува, тој го претставува Фалке како витезот Шаргрен. Розалинда подоцна се приклучува на забавата, преправена како унгарска грофица. На Ајзенштајн веднаш му се допаѓа и се обидува да ја заведе со својот часовник, со кој освоил неколку девојки. Искусната сопруга набрзо му се измолкнува. Забавата е во полн ек, сите играат и пијат. Ајзенштајн му раскажува на собраното друштво како се пошегувал на сметка на Фалке по една карневалска забава. Фалке бил многу пијан и Ајзенштајн го оставил така во шумата. Утрото, кутриот маскиран во лилјак морал да оди пешки до дома и му се смееле. Оттогаш го добил прекарот Лилјакот.

Трет чин: Канцеларијата на директорот на затворот[уреди | уреди извор]

Во канцеларијата, чуварот Фрош се расправа со Алфред затоа што неговото пеење му оди на нерви. Расправијата ја прекинува Франк, кој потоа малку дреме на столот. Адела и Ида доаѓаат во канцеларија и бараат од директорот финансиска помош за часови по пеење и танцување. Адела му открива дека таа е всушност слугинката на Ајзенштајн. Фрош го најавува доаѓањето на Ајзенштајн, Франк брзо ги крие девојките во една од слободните ќелии. Кога Ајзенштајн му го открива вистинското име на Франк, не може да поверува, бидејќи вчера со своја рака го затворил во ќелија. Ајнштајн сака да го види својот двојник. Се појавува неговиот адвокат со кој разменуваат облека за да може да се види со својот клиент. Тогаш во затвор доаѓа и Розалинда. Како адвокат, Ајзенштајн извесно време ги испрашува сопругата и Алфред, кога конечно им се открива. Навредената Розалинда му го турка во лице часовникот, кој тајно му го зеде на забавата. Фрош ги ослободува Адела и Ида од ќелијата, а Фалке ги носи Орловски и останатите од групата во канцеларијата. На крајот Ајзенштајн и Розалинда се нашминкаат, Орловски на Адела ѝ ветува финансиска поддршка. Сите наздравуваат со шампањ.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Johann Strauss mlađi: Šišmiš, opereta u 3 čina - HNK Zagreb (пристапено на 29.12.2022)
  2. „ШТРАУСОВАТА ОПЕРЕТА „ЛИЛЈАКОТ" НА СКОПСКАТА СЦЕНА“. Бранко Каракаш. 1957-01-04. Посетено на 4 октомври 2022.