Прејди на содржината

Лике Ли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лике Ли
Лике Ли во 2010
Животописни податоци
Родено имеЛи Лике Тимотеј Закрисон
Роден(а)18 март 1986(1986-03-18)(38 г.)
Истад, Шведска
Жанрови
Занимања
  • Пејачка
  • текстописец
  • манекенка
  • глумица
Период на активност2007–денес
Издавачи
Мреж. местоlykkeli.com

Ли Лике Тимотеј Закрисон (шведски: Li Lykke Timotej Zachrisson; родена на 18 март 1986), позната како Лике Ли (шведски: Lykke Li) ― шведска пејачка, текстописец, манекенка и глумица. Нејзините песни содржат елементи на инди-поп, дрим-поп и електронска музика. Нејзиниот прв студиски албум, Youth Novels, бил објавен во 2008 година, а по него следувале: Wounded Rhymes (2011), I Never Learn (2014), So Sad So Sexy (2018) и Eyeye (2022). Нејзина најпопуларна песна досега е „I Follow Rivers“.

Живот и кариера[уреди | уреди извор]

Ли Лике Тимотеј Закрисон била родена во градот Истад во покраината Сконе; нејзината мајка, Керсти, пред да стане фотограф била член на женската панк-група Tant Strul. Нејзиниот татко, Јохан (под сценското име Зилверзурфарн) е член на шведската панк-реге-група Dag Vag. Уште додека Ли била бебе, семејството Закрисон се преселило во Стокхолм, а кога таа имала шест години се преселиле на еден планински врв во Португалија каде што живееле пет години. Семејството исто така дел од времето го поминувало во Лисабон и во Мароко, а на зима во Непал и во Индија.[7][8] На 19-годишна возраст, Ли три месеци живеела во Бруклин во Њујорк.[9][10][11] Таа се вратила таму кога имала 21 година за да го сними нејзиниот албум.[12]

Лике Ли го издала нејзиното прво EP, Little Bit, во 2007 година. Во октомври 2007 година музичкиот блог Stereogum ја прогласил за „музичар на кој треба да се внимава“, а нејзината музика ја опишал како мешавина од соул, електро и „зашеќерен поп“.[13] Нејзиниот прв албум, Youth Novels, бил објавен во нордискиот регион на 30 јануари 2008 година, во Европа бил издаден во јуни 2008 година и во САД на 19 август 2008 година.

Лике Ли во 2009 година
Лике Ли на настап во Парадизо во Амстердам, декември 2008 година

Нејзиниот втор албум Wounded Rhymes бил објавен во 2011 година. Албумот бил вклучен на неколку листи на најдобри албуми за 2011 година, вклучувајќи ги: Q, Mojo, The Observer, The New York Times, The Huffington Post и Rolling Stone.[14]

Лике Ли официјално го објавила албумот I Never Learn на 2 мај 2014 година. Повторно, нејзиниот албум бил вклучен на неколку листи од најдобри албуми за 2014 година, меѓу другите вклучувајќи ги: Billboard, Complex и Pitchfork. Германскиот електронски диџеј Робин Шулц ја ремиксирал песната „No Rest for the Wicked“ и ремиксот бил вклучен во првиот албум на Шулц Prayer“

Лике Ли во 2014 година ја имала нејзината прва филмска улога, таа дебитирала во шведскиот криминалистички филм Томи, во режија на Тарик Салех, а за филмот ја снимила песната „Du är den end“. Лике Ли исто така била гостин-музичар на албумот Songs of Innocence од U2, каде што пеела на последната песна „The Troubles“.[15]

Лике Ли го издала нејзиниот четврти студиски албум, So Sad So Sexy, на 8 јуни 2018 година преку издавачката куќа RCA.[16] Заедно со најавата за албумот, Лике Ли ги објавила првите два сингла: „Deep End“ и „Hard Rain“.[16]

Во јули 2019 година, Лике Ли го издала ЕР-то Still Sad Still Sexy, со четири ремикси од So Sad So Sexy и две нови песни.[17]

На 23 март 2022 година, Лике Ли го издала „No Hotel“, водечки сингл од нејзиниот петти студиски албум, Eyeye. [18] Албумот бил издаден на 20 мај 2022 година.[19]

Во март 2024, во саундтракот за филмот Damsel Лике Ли ја испеала преработката на песната од Џони Кеш, A Ring of Fire.

Дискографија[уреди | уреди извор]

  • Youth Novels (2008)
  • Wounded Rhymes (2011)
  • I Never Learn (2014)
  • So Sad So Sexy (2018)
  • Eyeye (2022)

Филмографија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Spanos, Brittany (6 April 2015). „Watch Lykke Li Crash in 'Never Gonna Love Again' Video“. Rolling Stone. Посетено на 6 June 2016.
  2. Fitzmaurice, Larry (18 November 2008). „Lykke Li Unveils U.S. Tour“. Spin. Посетено на 6 June 2016.
  3. „Night Life: Lykke Li“. The New Yorker. 4 October 2014. Посетено на 23 July 2016.
  4. Reed, Ryan (28 February 2011). „Lykke Li: Wounded Rhymes. Paste. Посетено на 6 June 2016.
  5. „The 25 Best Albums of 2011“. Slant Magazine. 24 December 2011. Посетено на 23 July 2016.
  6. „American Songwriter's Top 50 Songs Of 2011“. American Songwriter. 13 December 2011. Архивирано од изворникот на 4 August 2016. Посетено на 1 June 2016.
  7. „Lykke Li: The Swedish pop sensation shows wisdom beyond her years“. The Independent (London). 23 June 2008. Посетено на 28 June 2008.
  8. Parkin, Chris (28 January 2008). „Lykke Li: interview“. Time Out (London). Архивирано од изворникот на 2008-06-16. Посетено на 28 June 2008.
  9. Gale, Ezra (27 May 2009). „Lykke Li on Nearly Getting Mugged in Bushwick“. The Village Voice. Архивирано од изворникот на 1 June 2009. Посетено на 1 June 2009.
  10. Paphides, Pete (16 May 2008). „Swede unsoured: Lykke Li Zachrison on pursuit of the breakthrough“. The Times (London). Посетено на 28 June 2008.
  11. Toms, Katie (1 June 2008). „Meet the Swede sensation“. The Guardian (London). Посетено на 28 June 2008.
  12. Michelle (9 September 2008). „Killahbeez exclusive: an interview with Lykke Li“. Killahbeez. Архивирано од изворникот на 8 November 2012. Посетено на 3 September 2010.
  13. „Artist To Watch: Lykke Li“. Stereogum. 26 October 2007. Архивирано од изворникот на 2009-10-01. Посетено на 7 May 2014.
  14. Almassi, Hannah (11 January 2012). „Lykke Li Is Signed By Viva Model Management – Music Girls Are Taking Over Fashiondom!“. Grazia. Посетено на 27 January 2012.
  15. Празен навод (help)
  16. 16,0 16,1 Kim, Michelle; Strauss, Matthew (19 April 2018). „Lykke Li Announces New Album, Shares 2 New Songs: Listen“. Pitchfork. Посетено на 19 April 2018.
  17. still sad still sexy, 26 July 2019, Посетено на 5 August 2019
  18. Breihan, Tom (23 March 2022). „Lykke Li Shares New Single 'No Hotel'. Stereogum. Посетено на 24 March 2022.
  19. „Eyeye by Lykke Li“. Apple Music. Посетено на 24 March 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]