Течна согласка

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ликвид (фонетика))
Начини на творба
Препречни
Избувни
Слеани
Струјни
Шушкави
Гласници
Носни
Едноударни
Приближни
Течни
Самогласка
Полусамогласка
Странични
Трепетни
Механизам
Белодробни
Исфрлени
Уфрлени
Чрапави
 
Алитерација
Асонанца
Поврзано: Место на творба
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош]
уреди

Течни согласки (ликвиди)[1] се класа на согласки што ги опфаќа страничните и вевните (ротски) согласки.[2]

Македонскиот јазик има три течни фонеми: две странични /l/ (л), /ʎ/ (љ) и една вевна /r/ (р).

Во европските јазици[уреди | уреди извор]

Многу европски јазици имаат една странична и една вевна фонема. Македонскиот и некои други како српскохрватскиот, грчкиот и италијанскиот имаат повеќе од две. Јазиците на Пиринејскиот Полуостров имаат по четири: /l/, , /ɾ/ и венечна трепетна согласка (освен португалскиот, каде четвртата е грлена трепетна или струјна согласка). Трети пак, како рускиот и ирскиот, разликуваат палатализирани (омекнати) странични–вевни парови од нивните непалатализирани (или веларизирани) пандани (на пр. /lʲ/ /rʲ/ /l/ /r/ (л-р и ль-рь) во рускиот).

Остатокот од светот[уреди | уреди извор]

Во другите делови од светот, највеќе јазици имаат по две течни согласки, освен северноамериканските и австралиските јазици. Во Северна Америка, највеќето јазици немаат вевни гласови, но затоа имаат голем број на странични гласови – иако највеќето се попречни странични гласови, а не течни. Речиси сите австралиски јазици се многу богати со течни согласки - некои имаат дури по седум. These typically include dental, alveolar, retroflex and palatal laterals, and as many as three rhotics.

Од друга страна, постојат многу домородни јазици во Амазонската Долина и источна Северна Америка, како и неколку во Азија и Африка, што воопшто немаат течни согласки. Полинезиските јазици имаат само по една, која може да биде странична или вевна.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Граматичарот Дионисиј Тракиски (170 – 90 п.н.е.) ги опишал фонемите /l,r,m,n/ во старогрчкиот јазик како ὑγρος (хигрос = „влажни, течни“).[3][4] Се смета дека ова се однесува на тоа што тие делуваат „лизгаво“ врз метарот во класичните стихови кога се јавуваат како втора буква во согласна група.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кепески, Круме (1990). Граматика на македонскиот литературен јазик (X. изд.). Скопје: Просветно Дело. стр. 65.
  2. Ladefoged and Maddieson (1996), стр. 182
  3. υγρός Архивирано на 17 декември 2013 г. - грчко-македонски речник на он.нет
  4. 4,0 4,1 Allen, William Sidney (1965). Phonetics in ancient India. Oxford University Press. стр. 31.
  • Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.