Лика Чопова-Јурукова

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Лика Чопова - Јурукова)
Лика Чопова-Јурукова
Родена 19 февруари 1895
Кукуш, Егејска Македонија, Отоманско Царство
Починала 5 септември 1983(1983-09-05) (возр. 88)
Скопје, НР Македонија СР Македонија

Лика Чопова-Јурукова (19 февруари 1895 во Кукуш5 септември 1983 во Скопје) — истакнат педагошки работник и публицист. Потекнува од македонските револуционерни семејства на Делчеви и на Чопови, од мајка Руша Делчева, сестра на Гоце Делчев и татко Андон Чопов.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потомците на Гоце Делчев пред неговиот споменик во Градскиот парк во Скопје (1946). Сестрите на Гоце, Тина и Велика (четврта и петта од лево) и внуката Лика Чопова (последната десно)

Нејзиното детство и младост се всушност опишани во книгите на кои таа е соуредник, а се поврзани со нејзиното револуционерно семејство. Едната книга е „Огнено Семејство“ од познатиот македонски публицист Јован Павловски, а втората е: „Револуционерката Руша Делчева (1868– 1945), по спомените на Лика Чопова“, Скопје, 1983 од д-р Симо Младеновски.

Иако таа не е во преден план во поголемите збиднувања од минатиот век, сепак таа е верна сенка на нејзината мајка и е очевидец на многу немили настани од македонската историја и самото семејство на Делчеви.

Член е на Илинденската организација во Бугарија и член на Комитетот за пренесување на моштите на Гоце Делчев, од Софија во Скопје.[2]

Таа јасно, како и нејзината мајка ги посочува предавниците на Гоцевото дело, скриени зад Врховистичките групи предводени од Борис Сарафов, Иван Гарванов, Тодор Александров, Ванчо Михајлов и на ним сличните. Во нејзиното интервју, таа опишува еден ваков настан, кој се случил во црквата „Св. Недела“ во Софија.[2]

По повод дваесетгодишнината од Илинденското востание, на 2 август 1923, моштите на Гоце Делчев биле изложени во црквата „Св. Недела“ во Софија. Голем број од македонската имиграција и неговото најтесно семејство, меѓу кои била и сестра му Руша со нејзината ќерка Лика, се насобрале да му оддадат почит на великанот Делчев. Сакајќи да се наметнат како почитувачи и наследници на делото на Гоце, врховистите пробале на подмолен начин, да го искористат и овој момент за ширење на бугарска пропаганда. Врховистот Велко Думев, се качил на маса и се обратил со зборовите:

„Ожалостено собрание, ние денеска се собравме да се поклониме пред коските на легендарниот револуционер Гоце Делчев. Тој умре, но неговиот заменик Тодор Александров ќе ја ослободи Македонија...“

На што Делчевото семејство бурно изреагирало и самиот Атанас Раздолов го грабнал за ногавиците и го прекинал со зборовите:

„Слези предавнику! Како можеш да го споредуваш Гоце со Тодор Александров, тој е крвопиец на македонскиот народ?!“[2][3]

Ова е само еден настан, низ кој јасно е прикажана бугарската пропаганда, која била спроведувана на терен од нивните слуги - врховистите. Делчевото семејство и понатаму останува да страда и е мета на бандите на Тодор Александров, кој впрочем го ликвидира и внукот на Гоце Делчев, а брат на Лика - Тодор Чопов.[1][3]

Смрт[уреди | уреди извор]

Надгробната биста на Лика Чопова-Јурукова, на градските гробишта во Скопје

Последен пат, јавноста ја виде по повод 80-годишнината на нејзиниот вујко, Гоце Делчев. Иако, наизглед уморна, таа со сета сила и должна почит кон најголемиот македонски револуционер, ја следеше свечената церемонија и се поклони пред неговиот гроб, во црквата „Св. Спас“ во Скопје.[2]

Лика Чопова - Јурукова е погребана со свечени државни почести на градските гробишта во Скопје, во улицата на великаните.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Огнено семејство. Скопје, Македонија: Мисла. 1978. стр. 13–17. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Посмртното патување на Гоце Делчев“. youtube.com.
  3. 3,0 3,1 Младеновски, Д-р. Симо (1983). Револуционерката Руша Делчева (1868– 1945), По спомените на Лика Чопова. Скопје. Недостасува |author1= (help)