Лидски замок (Белорусија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лидски замок
Лідскі замак
Lida-Castle.JPG
Лидскиот замок денес
Општи податоци
ГрадЛида
ЗемјаБелорусија
Почната1330-ти

Лидски замок (белоруски: Лідскі замак; руски: Лидский замок) – замок во градот Лида во Гродњенска Област, на запад од Белорусија. Еден е од неколкуте замоци кои ги подигнал големиот литвански кнез Гедимин на почетокот на 14 век за подобра одбрана на своите земји од упади на тевтонските крстоносни витези.

Историја[уреди | уреди извор]

Замокот е изграден на природно возвишување опкружено со две реки, Каменка и Лидзеја на исток и запад, додека на северната страна постоел канал со ширина од 20 метра кој го раздвојувал замокот од остатокот на населбата. Изградбата почнала во текот на 1323 година, а како главен градежен материјал бил користен камен (ѕидовите подоцна биле зајакнати со црвена цигла). Изградбата завршила во 1328 година. Замокот бил изграден во облик на неправилен квадрат со две кули една спроти друга. Во внатрешноста на замокот се наоѓала и православна црква која во 1533 година била преместена во средиштето на градот, како и бројни важни институции на тоа време (суд, архив).

Иако замокот имал утврдени ѕидини, во неколку наврати паднала под власт на напаѓачите. Витезите од Тевтонскиот ред го освоиле Лидскиот замок во два наврати, во 1384 и 1392 година.

Во текот на Големата северна војна (17001721) Швеѓаните во два наврати го опустошиле замокот (и самиот град Лида) и двата пати ги срушиле неговите кули. Последната голема битка под ѕидините на Лидскиот замок се случила во 1794 година за време на востанието на Тадеуш Кошќушко против Русите.

После големиот пожар кој во 1891 година го зафатил градот и уништил голем дел од градбите во него, југозападната кула и делови од западниот ѕид биле срушени, а материјалот бил искористен за обнова на опожарените куќи. Целосна деструкција на градбата ја спречила екипа археолози од Санкт Петербурга, а делумна обнова на ѕидините била вршена во текот на 1920-тите години. На 22 јануари 1940 година, по Сталинова одредба, замокот бил прогласен за археолошки споменик, а во 1953 година бил ставен под државна заштита. [1]

Поинтензивна реставрација започнала во текот на 1982 година кога дотраените цигли биле заменети со нови, испечени на традиционален и автентичен начин. Реставрирани биле сите ѕидови, а секој од нив бил висок 12 метра. Целокупната реставрација била завршена во 2010 година.

Секоја година во замокот се одржува традиционален турнир во средновековни витешки дисциплини. Кулите се претворени во музеи со постојани поставки поврзани со историјата на замокот и градот.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • (англиски) Лидски замок – официјални страни на Белорусија, belarus.by