Лидија Шоптрајанова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лидија Шоптрајанова
Родена Лидија Стојанова
23 ноември 1941
Битола, Кралство Југославија
Занимање универзитетска професорка

Лидија Шоптрајанова (23 ноември 1941 во Битола) — македонска универзитетска професорка.[1] Редовна професорка од (1993 година) на ПМФ, Институт за хемија (пензионирана во 2005 година).

Животопис[уреди | уреди извор]

Дипломирала во 1965 година на ТМФ во Скопје, магистрирала 1975 година во Белград, докторирала 1981 година на Хемиски факултет во Скопје. Била шеф на погонот за синтетички лепила во Хемиската индустрија „Пролетер“ во Скопје 1965 година. Држела настава по предмети од подрачјето на аналитичка хемија, инструментална анализа, статистичка обработка на експериментални податоци и изворите и користењето на хемиски информации. Главни подрачја на нејзиниот научен интерес се изучувањето на комплексни соединенија на паладиум и рамнотежите во неводена средина, а и структурната хемија, поларографијата и анализата на прехранбените производи. Објавила педесетина трудови (од кои 20 надвор од Македонија), еден универзитетски учебник и едно универзитетско учебно помагало, како и два средношколски учебника. Била (1975-1976) главен уредник на списанието „Билтен на Технолошко-металуршки факултет“ и член (1987-1993)на Уредувачкиот одбор на списанието „Гласник на хемичарите и технолозите на Македонија“. Учествувала во обработка на 15 домашни проекти (на еден била раководител). Била претседател и член на Комисијата за аналитичка хемија на Унијата на хемиски друштва на Југославија, претставник на Македонија во Комисија за аналитичка хемија при Федерацијата на европските хемиски друштва (FECS). Исто така била раководител на постдипломските студии на Институтот за хемија, член на Комисијата за настава при Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шперовиќ-Рибарски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1659. Text "series " ignored (help)