Лидија Чарска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лидија Чарска

Лидија Чарска (руски: Ли́дия Алексе́евна Чар́ская, 31 јануари 1875 - 18 март 1938) — руска писателка.

Биографија[уреди | уреди извор]

Лидија Алексејевна Чурилова (Чарска) е родена во Петроград во Кавказ. Иако била глумица,сепак била признаена како писателка. Нејзините дела биле најчесто читани на почетокот на дваесеттиот век, а некои од нив биле препорачани како задолжително читање. Своето образование го завршила во Царската театарска академија и после тоа се вработила во Александрискиот театар. Во тој период, таа го зела псевдонимот Чарска. Напишала приказни, раскази, стихови, претстави, бајки за деца и романи за возрасни. Нејзините книги се појавиле не само во Русија,туку и во Чешка, Германија, Англија, Франција и многу други земји. Руската православна црква и Друштвото на руски писатели стојат исто така зад проектот „Собрани дела на Лидија Чарска“.

Друго[уреди | уреди извор]

Лидија многу рано ја изгубила својата мајка и не ја прифатила втората сопруга на нејзиниот татко. Таа била омажена за офицерот Борис Курилов, но бракот не траел долго. По разводот, таа се посветила на школување на синот Јуриј.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Сеќавањето на една девојка, 2013 година