Лидија Славеска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лидија Славеска
Родена 1933
Кичево, Кралство Југославија, денес Македонија Македонија
Починала 2008
Скопје
Занимање историчар и публицист

Лидија Славеска (Кичево, 1933 - Скопје, 2008) — македонска историчарка, доктор по историски науки, специјалист за средновековното јужнословенско право и за средновековната историја на Македонија, еден од основачите и директор на Институтот за старословенска култура во Прилеп. Автор е на монографијата „Српски грамоти од Душаново време“,соавтор на двата тома „Опис на словенските ракописи во Македонија“ (1971) и на едицијата во шест книги „Споменици на средновековната и поновата историја на Македонија“ (1975/88), историско лингвистичка и хронолошко-структурна ревизија на словенското ракописно наследство .Автор е на студијата „Етногенеза на македонскиот народ-континуитет и традиција“ (1992) и на 200 прилози во научни списанија во Македонија, Москва, Санкт Петербург, Варшава, Софија, Охајо, Белград, Братислава и др. Нејзино најпознато дело е Македонска генеза кое е посмртно објавено.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]