Ливорно (покраина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Покраина Ливорно
Покраина
Седиштето на покраината во Ливорно.
Седиштето на покраината во Ливорно.
Грб на Покраина Ливорно
Map highlighting the location of the province of Livorno in Italy
Map highlighting the location of the province of Livorno in Italy
Држава Италија
РегионТоскана
СедиштеЛиворно
Општини19
Управа
 • ПретседателМариа Ида Беси
Површина
 • Вкупна1.218 км2 (470 ми2)
Население (31 јули 2015)
 • Вкупно337.992
 • Густина280/км2 (720/ми2)
Часовен појасСредноевропско време (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)Летно средноевропско време (UTC+2)
Поштенски броеви57014, 57016, 57020-57023, 57025, 57027-57028, 57030-57034, 57036-57039
Повикувачки број0565, 0586
Рег. таб.LI

Покраината Ливорно (италијански: provincia di Livorno) е покраина во регионот Тоскана во Италија. Во нејзин состав влегуваат и неколку острови на Тосканскиот Архипелаг, меѓу кои и Елба и Капраја. Нејзин административен центар е градот Ливорно. По формирањето во 1861 година, во состав на покраината биле вклучени само Ливорно и Елба. Нејзината територија била проширена во 1925 година за сметка на покрините Пиза и Џенова.[1] Покраината Ливорно зафаќа површина од 1211 квадратни километри, а во неа живеат 343.003 жители (2012). Во покраината има 19 општини.[1][2] Крајбрежјето на областа е познато како Етрурски брег („Costa degli Etruschi“).[3]

Покраината Ливорно е крајбрежна и има многу крајбрежни градови. Ливорно е важно пристаниште за туризам и трговија, а во близина на градот има многу караули. Во Калафурија, морето изобилува со сунѓери, школки, риби и заштитени црвени корали (Corallium rubrum). Крајбрежјето е претежно карпесто.[4] Во водите околу покраината Ливорно понекогаш има делфини.[5] Во Градот Сан Винченцо има кула од четиринаесеттиот век. Песокот на Голфо ди Барати е сребрен и црн поради високата концентрација на железо, а во областа има археолошки парк.[4]

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Општини[уреди | уреди извор]

Покраината е поделена на 19 општини.[2]

  • Бибона
  • Кампиља Маритима
  • Кампо нел'Елба
  • Каполивери
  • Капраја Исола
  • Кастањето Кардучи
  • Цецина
  • Колесалвети
  • Ливорно
  • Марчана
  • Марсиана Марина
  • Пјомбино
  • Порто Азуро
  • Портоферајо
  • Марина во Рио
  • Рио нел'Елба
  • Росињано Маритимо
  • Сан Винченцо
  • Сасета
  • Суверето

На 30 април 2014 година, најголеми населени места биле:[2]

Општина Популација
Ливорно 160.512
Пјомбино 35.075
Росињано Маритимо 32.493
Цецина 28.566
Колесалвети 16.907
Campiglia Marittima 13.320
Портоферајо 12.224
Кастањето Кардучи 8.927
Сан Винченцо 7.003

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Livorno“. Italy World Club. Посетено на 1 August 2015.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Livorno“. Upinet. Архивирано од изворникот на 7 August 2007. Посетено на 1 August 2015.
  3. „Livorno Province“. Livorno Now. Посетено на 1 August 2015.
  4. 4,0 4,1 „10 coastal towns in Livorno“. Around Tuscany. Посетено на 1 August 2015.
  5. „Livorno“. ABC Tuscany. Архивирано од изворникот на 25 June 2015. Посетено на 1 August 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]