Слива (превој)

Координати: 41°15′N 21°35′E / 41.250° СГШ; 21.583° ИГД / 41.250; 21.583
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ливада (превој))
Слива
Слива is located in Македонија
Слива
Слива
Местоположба на превојот Слива во Македонија
Надм. вис.1.140
ПатR1107
Местопомеѓу Пелагонија и Мариово
ВенецСелечка Планина
Координати41°15′N 21°35′E / 41.250° СГШ; 21.583° ИГД / 41.250; 21.583

Сливапланински превој на надморска височина од 1.140 метри, во јужниот дел на Македонија, во близина на градот Прилеп. Ги спојува рамницата на котлината Пелагонија и областа Мариово. Преминот е отворен за сообраќај преку целата година.

Историја[уреди | уреди извор]

Во минатото, областа Мариово била многу слабо поврзана со градот Прилеп. Главна врска бил неасфалтираниот пат што преку селото Дуње водел кон преминот Лигураса, па преку селото Беловодица и преминот Плетвар се симнувал во градот. Сегашниот регионален пат R1107 е изграден за време на СФР Југославија во 1977 година како дел од тогашната работна акција за пробивање на нов побрз и пократок пат до Прилеп и останатиот дел на Пелагонија.

Општи податоци[уреди | уреди извор]

Планинскиот премин Слива се наоѓа на Селечка Планина на регионалниот пат R1107. До него се стигнува по широк двонасочен асфалтен пат што започнува кај село Старо Лагово во Пелагонија, или од Расимбеговиот мост на Црна Река од страната на Мариово.

Важи за еден од најинтересните превои во Македонија и затоа е користен од многу велосипедисти за рекреација, но и за трки во минатото.

Детали за искачување[уреди | уреди извор]

До превојот се стигнува од две страни. Од прилепска страна искачувањето започнува веднаш после селото Старо Лагово, на раскрсницата за село Чумово и кривулесто води кон селото Штавица и излетничкото место Слива. Вкупната должина на искачувањето е 7,6 километри и притоа се искачува висинска разлика од 440 метри. Просечниот агол на искачување изнесува 5,7%. Првата чешма на нагорнината се наоѓа на 1,1 километар од почетокот, во делот што сѐ уште не е толку стрмен. Оваа чешма во сушниот период од годината може да биде и целосно пресушена. Понатаму може да се освежите и во селото Штавица, но потребно е исклучување од главниот пат. Следното освежување е на излетничкото место Слива на 6,7 километри од почетокот на искачувањето каде што има чешма со силна издашност преку целата година.

Од мариовска страна искачувањето започнува на Расимбеговиот мост, од патот со неколку краци се стигнува до повеќе села во овој дел на Мариово, од кои позначајни се Дуње, Крушејца, Чаниште и други. Вкупната должина на искачувањето е 17,6 километри и притоа се искачува висинска разлика од 790 метри. Просечниот агол на искачување изнесува 4,4%. Иако долг и наместа стрмен, овој пат нуди и делници за одмор каде што патот зарамнува, па дури и благо се спушта, а тоа го намалува и просечниот агол на искачување. На оваа страна од превојот има само неколку места за освежување и тоа се повремени природни извори. Некои се уредени како чешни, а други се само така оставени како природни текови коишто можат да се користат за освежување во летниот сушен период.

Места за одмор и рекреација[уреди | уреди извор]

Искачувајќи го преминот Слива можете да се исклучите од регионалниот пат и да го посетите селото Штавица со новоизградената црква за потребите на снимањето на филмот Прашина од Милчо Манчевски во 2001 година. Веднаш над Штавица се издигнува гранитна карпа кај местото викано Света Петка кое што нуди прекрасен поглед на селото и патот. Пред самиот превој се наоѓа излетничкото место Слива каде што се наоѓа природен водопад и чешма каде што патниците секогаш застануваат да наполнат од студената вода. Во 2015 година тука беше поставен и летниковец, клупи и маси и канти за отпадоци за патниците и велосиепдистите коишто одат или враќаат од Мариово. Летниковецот нуди прекрасен поглед на северна Пелагонија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]