Лиард извира во масивот Пели во Јукон, од таму тече во правец југоисток низ Британска Колумбија, потоа ја менува насоката на североисток до својот слив во реката Макензи кај градот Форт Симпсон во Северозападните територии. Горниот ток е преполн со брзаци и кањони, а долниот дел на реката овозможува пловидба на помали бродови од сливот на Форт Симпсон до населеното место Форт Лиард, некои 265 километри возводно[1].
Лиард со своите притоки има слив голем околу 277,100 [[км2]], кој се протега преку канадските провинции Британска Колумбија и Северозападните територии. Реката името го добила по бројните Тополи коишто растат долж нејзиниот брег.