Лејџоу (полуостров)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сателитска снимка на полуостровот Лејџоу и дел од островот Хајнан (подолу)

Лејџоу (кинески: 雷州半岛; пинјин: Zhōnghuá Mínguó; кантонски јитпинг: Lui⁴-zau¹ Bun³-dou²) — полуостров во најјужниот дел на покраината Гуангдунг, јужна Кина.

Историја[уреди | уреди извор]

За време на династијата Ќинг (XVII - XX в.) на полуостровот имало важна поморска база.[1]

Географија[уреди | уреди извор]

п-ов Лејџоу is located in Кина
п-ов Лејџоу
Местоположба на полуостровот Лејџоу во рамките на Кина

Полуостровот Лејџоу е трет по големина полуостров во Кина со површина од 8.500 км2 и е сместен на југозапдниот крај на покраината Гуангдунг, со Тонкинскиот Залив на запад и 30 км широкиот Хајнански Проток (Ќунгџоу) на југ, кој со своите го двои островот Хајнан. Претставува најјужна точка на континентална Кина.

Во геолошки поглед, 43% од површината на полуостровот е опфатена со базалтни тераси. Остатокот се состои од крајбрежни тераси (27%) и наносни рамнини (17%). На Лејџоу има неколку заспани вулкани, низа плажи и ниски плавни рамнини.

Лејџоу има две одделни вулкански полиња: плеистоценскохолоценско поле на северниот крај западно од Џанѓанг и северниот крај на вулканското поле Ќунглеј или Лејѓунг, кое се протега преку протокот во северен Хајнан. Вулканите потекнуваат од тектонското истегање во правец исток-запад и истенчувањето на литосферата поврзано со настанокот на котлината на Јужнокинеското Море. Во средишниот дел на полуостровот се сместени базалтните стратовулкани Јингфенглинг и Тјенјангод, кои се оддалечени 15 км еден од друг и потекнуваат од плеистоценско време.[2] Има и трето вулканско поле, одговорно за некои од околните острови.

Морски свет[уреди | уреди извор]

Западно од полуостровот е создаден резерват за загрозени видови морски цицачи. Околното подрачје е прогласено за заштитен дом на кинескиот бел делфин како второ најголемо живеалиште на видот во земјата.[3]Морските крави сè уште се присутни, но се малубројни.[4] Застапени се и Брајдовиот кит,[5][6][7][8][9][10][11][12]остроклуниот кит и китот-ајкула, особено во соседните води кај Хајнан и во Тонкинскиот Залив, во местата кај Тјешанганг и околу островите Вејџоу и Сјејанг.[13][14]

Некогаш водите околу полуостровот Лејџоу биле зимско породилиште за денес критично загрозени видови како јапонскиот и сивиот, грбавиот и синиот кит[15]. Денес тие се истребени на ова подрачје поради постојаниот замав на јапонските китоловци по водите околу Кина и Кореја.

Клима[уреди | уреди извор]

Полуостровот има тропска клима, со влијанија од континентални монсуни од североисток и поморски монсуни од југоисток и југозапад. Повремено се јавуваат и тајфуни, кои доаѓаат од Тихиот Океан или од Јужнокинеското Море. Лејџоу има годишни врнежи во износ од 1.400–1.700 мм.

Градови[уреди | уреди извор]

  • Џанѓанг — пристанишен град на североисточниот брег
  • Гуангџоуван — поранешна француска колонија на североисточниот брег на полуостровот

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Nicholas Belfield Dennys (1874). The China Review, Or, Notes and Queries on the Far East. "China Mail" Office. стр. 345–. https://books.google.com/books?id=dhhBAQAAMAAJ&pg=PA345&dq=admiral+pei+pei+hsien&hl=en&sa=X&ved=0ahUKEwjx6oCkgtXMAhVD8x4KHUO3DWwQ6AEIITAB. 
  2. VolcanoDiscovery. "Leizhou Bandao volcano". посет. 24 јули 2014 г.
  3. 近千头中华白海豚栖息广东湛江雷州湾
  4. Wang P., Han J., Ma Z., Wang N. (2007). "Survey on the resources status of dugong in Hainan Province,China". Acta Theriologica Sinica [J] Vol. 27(1), 2007. стр. 68–73. конс. 2015-01-20. 
  5. 鲸鱼宝宝再次造访的涠洲岛海域!
  6. 北海涠洲岛海域出现一条大鲸鱼到访。
  7. 2017. 刚刚铁山港附近海域,惊现多条鲸鱼。
  8. 2016. 北海附近海域惊现庞大鲸鱼,画面感萌翻啦![视频+多图]
  9. 2006. 俺在北部湾新拍到的鲸~(图)
  10. 鲸鱼宝宝再次造访的涠洲岛海域!
  11. 广西北海涠洲岛附近发现一条大鲸鱼
  12. 2009. 北部湾(2)_须鲸!
  13. 中华人民共和国濒危物种科学委员会. [濒危物种数据库 - 鳀鲸 Balaenoptera edeni Anderson, 1879]. CITES. посет. 7 декември 2014 г
  14. Wang Pei Lei (王丕烈). 1984. 中国近海鲸类的分布. 辽宁省海洋水产研究所 (Liaoning Ocean and Fisheries Science Research Institute). 中国知网 (CNKI.NET). посет. 7 декември 2014 г
  15. "Identification Guide for Marine Mammals In the South China Sea". The Sanya Institute of Deep-sea Science and Engineering at The Chinese Academy Of Sciences. конс. 2015-01-19. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 21°N 110°E / 21° СГШ; 110° ИГД / 21; 110