Лашон Мерит

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Лешон Мерит)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Медали

LaShawn Merritt
Натпреварувач за  САД
Машка атлетика
Олимписки игри
Злато 2008 Пекинг
Злато 2008 Пекинг
Светски првенства
Злато 2007 Осака
штафета 4x400m
Сребро 2007 Осака
400m
Злато 2009 Берлин
400m
Злато 2009 Берлин
штафета 4х400m
Сребро 2011 Тегу
400m

Лашон Мерит (роден на 27 јуни 1986) е американски атлетичар кој се натпреварува во трката на 400m.

Во својата натпреварувачка кариера Лашон има склучено договор со светскиот бренд за спортска опрема Најки. На светското првенство во Осака во 2007, тој го освои сребрениот медал во трката на 400m и златниот како дел од штафетата на САД 4х400m.

На Летните олимписки игри - 2008 одржани во Пекинг се очекуваше Лашон да води тесна битка со Џереми Воринер[1], но Воринер префорсира во почетните 300m, па на Лашон му се отвори шанса којашто не ја пропушти и го освои златниот медал со време од 43,75s со што ја оствари најубедливата победа на 400m на Олимписките игри.[2] Со ова време, тој стана петтиот најбрз човек во оваа тркачка дисциплина.[3] На игрите во Пекинг, Лашон го освои златниот медал и како дел од штафетата на САД 4х400m.

Во 2009, Лашон имаше најдобар резултат во сезоната пред светското првенство во Берлин. На светското првенство, тој ја потврди добрата форма и на олимписката ја додаде и светската титула, победувајќи во финалето со време од 44,06s, пред сонародникот Џереми Воринер. Тој на ова првенство го освои и златниот медал во штафетната трка 4х400m.

На светското првенство во 2011 година, кое се одржа во Тегу, Мерит не успеа да го одбрани златото освоено во трката на 400 m пред две години и го освои второто место.

Лични рекорди[уреди | уреди извор]

Лични рекорди на отворено[уреди | уреди извор]

  • 100m - 10,56s (2007)
  • 200m - 19,98s (2007)
  • 300m - 31,31s (2006)
  • 400m - 43,75s (2008)

Лични рекорди во сала[уреди | уреди извор]

  • 60m - 6,68s (2006)
  • 200m - 20,40s (2005)
  • 300m - 31,94s (2006)
  • 400m - 44,93s (2005)
  • 500m - 1:03,38 (2006)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]