Леукотеја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Леукотеја, Jean Jules Allasseur (1862), Лувр.

Леукотеја (грчки јазик|Λευκοθέα, значи „бела божица“) во старогрчката митологија била божица на морето.

Митологија[уреди | уреди извор]

Пред да стане божица, нејзиното име било Инона и била ќерка на тебанскиот крал Кадмо. Се омажила за Атамант, кој имал деца од првиот брак. Се покажала како лоша маќеа, но по смртта на својата сестра Семела, го наговорила сопругот да го одгледаат малиот Дионис. Тоа го предизвикало хериниот гнев, па сопружниците ги казнила со лудило. Атамант во настап на лудило го убил својот постар син Леарх, а Леукотеја со помладиот, Меликерт, скокнала во морето. Меѓутоа, Посејдон ја претворил Леукотеја, односно Инона во Нереида која владее со тоа море. Според други преданија, морето го исфрлило нејзиното тело во Мегара, каде ја погребале клесоновите ќерки или делфин го донел нејзиното и меликертовото тело во Коринт каде ги спогребал кралот Сизиф.[1] Леукотеји се приписује да је спасила Одисеја када му је Посејдон уништио брод.[2]

Римско предание[уреди | уреди извор]

Во римската митологија е поистоветена со Матер Маута, а Меликерт со нејзиниот син Портун.[1]

Култ[уреди | уреди извор]

Старите Грци ја почитувале како божица заштитничка на бродоломниците и тоа особено во Беотија, Лаконија, Мегари и Коринт. Во Мегари подигнато и е светилиште и пренесувани и се жртви, а во Коринт на Меликерт му биле посветени истамските игри.[1] Во Лаконија во вода која наликува на езерце, кое е наречено по неа, се фрлани колачи од јачменово брашно. Доколку би потонале тоа би бил добар знак, а ако плутале по површината, лош. Исто така, изградени и се и храмови пророчиште. Нејзиниот храм се споменува и во Етрурија, кој го ограбил Дионизије.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.
  2. 2,0 2,1 -{theoi.com: LEUKOTHEA}-, Посетено на 10. 4. 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]