Прејди на содржината

Летни олимписки игри 1996

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Летни олимписки игри - 1996)
XVII Зимски олимписки игри
Град домаќин
Бр. на држави 197
Бр. на спортисти 10,320
(6,797 мажи, 3,523 жени)
Натпревари 271 од 26 спортови
Отворени
Затворени
Официјално отворени од: Бил Клинтон
Спортска заклетва Тереза Едвардс
Олимписка заклетва Хобл Билингсли
Олимписки оган Мухамед Али
Стадион

Летните олимписки игри - 1996 или официјално познати како Игрите на 26. Олимпијада се одржаа во Атланта. Градот беше избран за домаќин на игрите во Токио во 1990 со победата над градовите Атина, Белград, Манчестер, Мелбурн и Торонто.

Изборот на град-домаќин

[уреди | уреди извор]

Некои чувствувале дека најповолно е Атина да биде град домаќин на игрите како 100 -годишнина од одржувањето на првите модерни олимписки игри. Но, сепак МОК истакнал дека Атина не може да ги организира игрите во 1996, туку евентуално игрите во 2004. Гласањето за избор на град-домаќин на игрите се одржало во рамките на 96. сесија на МОК во Токио на 18 септември 1990. Во следнава табела се дадени резултатите од гласањето за избор на град-домаќин на игрите (the International Olympic Committee Vote History Архивирано на 25 мај 2008 г.).

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1996
Град Земја Прв круг Втор круг Трет круг Четврти круг Петти круг
Атланта  САД 19 20 26 34 51
Атина  Грција 23 23 26 30 35
Торонто  Канада 14 17 18 22 -
Мелбурн Австралија Австралија 12 21 16 - -
Манчестер Обединето Кралство Обединето Кралство 11 5 - - -
Белград Југославија Југославија 7 - - - -

Ретроспектива

[уреди | уреди извор]
  • Македонија дебитирала на Олимписките игри како независна земја-учесничка.
  • Мухамед Али го донел олимпискиот факел на олимпискиот стадион.
  • Словенечкиот спортист и поранешен гимнастичар Леон Штукељ присуствувал на церемонијата на свеченото

отворање на игрите на возраст од 97 години.

Спортови

[уреди | уреди извор]

Земји-учеснички

[уреди | уреди извор]
Учесници 1
Сина = Дебитанти на игрите. Зелена = Земји кои претходно учествувале. Жолтиот квадрат го означува градот-домаќин на игрите (Атланта)

На игрите во Атланта настапиле 10,318 спортисти од 197 земји.[1] 24 земји дебитирале на Летните олимписки игри. Најголем број биле земји кои на претходните игри биле дел од Заедницата на независни држави. Русија настапила како независна земја за првпат по Летните олимписки игри - 1912 кога настапила како Руска Империја.

14 земји дебитирале на Олимписките игри: Македонија, Комори, Палестина, Науру, Доминика, Азербејџан, Бурунди, Зелено'ртска Република, Сент Кити и Невис, Света Луција, Саун Томе и Принсип, Гвинеја-Бисао, Таџикистан и Туркменистан.

10 земји за првпат настапиле на Летните олимписки игри, но претходно настапиле на Зимските олимписки игри - 1994 одржани во Лилехамер: Ерменија, Белорусија, Чешка, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Словачка, Украина и Узбекистан.

Освојувачи на медали

[уреди | уреди извор]
 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1  САД (домаќин) 44 32 25 101
2  Русија 26 21 16 63
3  Германија 20 18 27 65
4 Народна Република Кина НР Кина 16 22 12 50
5  Франција 15 7 15 37
6  Италија 13 10 12 35
7 Австралија Австралија 9 9 23 41
8 Куба Куба 9 8 8 25
9  Украина 9 2 12 23
10 Јужна Кореја Република Кореја 7 15 5 27

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]