Летни олимписки игри 1968

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Летни олимписки игри - 1968)
X Зимски олимписки игри
Games of the XIX Olympiad
Games of the XIX Olympiad

Град домаќин Гренобл, Франција
Бр. на држави 112
Бр. на спортисти 5,530
(4,750 мажи, 780 жени)
Натпревари 172 од 20 спортови
Отворени 6 февруари
Затворени 18 февруари
Официјално отворени од: Густаво Диаз Ордаз
Спортска заклетва Пабло Горидо
Олимписки оган Норма Ерикета Базилио де Сотело
Стадион Олимписки стадион

Летните олимписки игри - 1968 или 19-тите Летни олимписки игри се одржале во градот Мексико, Мексико. Градот бил избран за домаќин на 18 октомври 1963 година на 60-тата сесија на МОК во Баден- Баден. Останати кадндидати биле Детроит, Лион и Буенос Аирес. Игрите се одржале само 10 дена по масакрот Тлателоко во којшто на 2 октомври 1968 биле убиени стотици студенти од страна на тајните службени сили.

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1968
Град Земја Прв круг
Мексико Мексико 30
Детроит САД 14
Лион Франција 12
Буенос Аирес Аргентина 2

Ретроспектива[уреди | уреди извор]

  • Големата надморска висина на Мексико (2240m) ги отежнала условите за настап на игрите, а на многу спортисти им била потребна поголема адаптација. Но, сепак големата надморска висина овозможила полесно да се постигнат неколку рекорди, особено во скокачките дисциплини.
  • За првпат на Олимписките игри спортистите од Источна и Западна Германија настаплие одделно за двете земји.
  • Фрлачот на диск Ал Ертер го освоил својот четврти златен медал на четвртите Олимписки игри.
  • Боб Бимон поставил нов светски рекорд во скок во далечина со фантастични 8.90m. Овој резултат бил за 55 cm подобар од рекордот стар една година чиј сопственик бил Игор Тер- Ованесјан. Резултатот 8.90m бил светски рекорд сè до историското финале на Светското првенство во атлетика - 1991 одржано во Токио каде што Мајк Пауел станал светски рекордер прескокнувајќи 8.95m.
  • Во трискок светскиот рекорд бил подобруван дури 5 пати од тројца различни атлетичари.
  • Дик Фосбари освоил златен медал во скок во височина употребувајќи го својот препознатлив стил кој по неговото име ќе стане доминантен во оваа дисциплина.
  • На свечената веремонија на доделување на медалите на најдобрите натрпреварувачи во атлетската трка на 200m во машка конкуренција, американските натпреварувачи Томи Смит (злато) и Џон Карлос (бронза), и двајцата црномурести, ги подигнале своите глави во знак на доминација на црната раса по што и двајцата биле доживотно дисквалификувани од страна на Меѓунардониот олимписки комитет.
  • По освојувањето на златниот медлал во бокс во супертешка категорија, Џорџ Форман, кружел околу рингот со мало американско знаменце и се поклонил неколкупати пред публиката.
  • Гимнастичарката Вера Чаславска од Чехословачка освоила 4 златни медали.
  • Чарлс Хикокс освоил 3 златни медали во пливање, а Деби Меер станал првиот пливач којшто победил на 200, 400 и на 800m слободен стил.
  • За првпат на Олимписките игри биле воведени допинг-тестовите. Шведскиот натпреварувач во модерен петобој Ханс Гунар Лиљенвал бил дисквалификуван поради козумирање на алкохол.
  • Џон Стивен Аквари од Танзанија станал популарен по тоа што завршил последен на маратонот поради повреда на коленото.
  • Ова се првите од трите Летни олимписки игри на кои се натпреварувал Жак Рог, подоцна осмиот претседател на МОК.
  • Мексиканската спортистката Норма Ерикето Базилио де Сотело станала првата жена којашто го запалила Олимпискиот оган.
  • Ова биле првите Олимписки игри на кои африканските спортисти ја покажале својата доминација на средните и долгите атлетски патеки. Тие ги освоиле златните медали во сите дисциплини од 800m до маратонот. Ваквиот успех, африканските натпреварувачи го постигнуваат и денес.

Спортови[уреди | уреди извор]

Демонстративни спортови[уреди | уреди извор]

Земји-учеснички[уреди | уреди извор]

Со сина боја се обележани земјите коишто дебитираат на Олимписките игри

На игрите за првпат настапиле спортисти од повеќе од 100 земји (112). Спортистите од Источна и Западна германија настапиле одвоено за своие земји.

Освојувачи на медали[уреди | уреди извор]

 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 САД 45 28 34 107
2 СССР 29 32 30 91
3 Јапонија 11 7 7 25
4 Унгарија 10 10 12 32
5 Источна Германија 9 9 7 25
6 Франција 7 3 5 15
7 Чехословачка 7 2 4 13
8 Западна Германија 5 11 10 26
9 Австралија 5 7 5 17
10 Велика Британија 5 5 3 13

Надворешни врски[уреди | уреди извор]