Летна игра (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Летна игра (шведски: Sommarlek, англиски: Summer Interlude) — шведски игран филм од 1951 година, дело на режисерот Ингмар Бергман (Ingmar Bergman). Главните улоги во филмот ги толкуваат: Мај-Брит Нилсон (Maj-Britt Nilsson), Биргер Малмстен (Birger Malmsten), Алф Кјелин (Alf Kjellin), Георг Функвист (Georg Funkquist) итн. Сценариото за филмот го напишале Ингмар Бергман и Херберт Гревениус (Herbert Grevenius), а директор на фотографијата е Гунар Фишер (Gunnar Fischer). Филмот, кој трае 96 минути, бил снимен со буџет од 434 000 шведски круни, во црно-бела техника и со моно звук, а во продукција на Шведската филмска индустрија (Svensk Filmindustri).[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Мари (ја игра Мај-Брит Нилсон) е балерина која се подготвува ва балетската претстава "Лебедево езеро". Додека трае пробата, таа добива пакет во кој се наоѓа еден дневник. По пробата, Мари оди на блискиот остров, на имотот каде во минатото ги поминувала летните одмори. Таму, таа се сеќава на летото пред тринаесет години, кога на еден фериброд го запознала Хенрик (го игра Биргер Малмстен), со кого започнала љубовна врска. За време на целиот летен распуст, двајцата се забавувале и биле среќни, но три дена пред завршувањето на одморот, при обидот да скокне во морето, Хенрик се повредува, а подоцна умира во болницата. Ерланд, кој бил љубовник на мајка ѝ на Мари, а е вљубен и во неа, го зема дневникот на Хенрик.

По смртта на Хенрик, Мари е целосно разочарана и изјавува дека не верува во Бога и дека ќе го мрази до крајот на животот. Сепак, Ерланд ја советува да се загради од светот и така да заборави на Хенрик. Подоцна, Мари заминува на патување со Ерланд и постепено го заборава Хенрик...

На една проба, во театарот доаѓа момчето на Мари, Давид (го игра Алф Кјелин). Мари повторно е разочарана од животот и се прашува дали навистина успеала да се загради и да заборави на Хенрик. Расплакана, таа му го дава на Хенрик дневникот (кој во театарот го испратил Ерланд), велејќи му дека би било добро да го прочита. Филмот завршува со сцена од балетот...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. IMDB - Summer Interlude (1951), (пристапено на 3.5.2014)
  2. Антена, број 826, 25.4.2014, стр. 18.