Лесогорски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Лесогорски ( руски: Лесогорский), до 1948 година Јаски ( рус руски: Яски; фински: Jääski; шведски: Jäskis) е населено место со административен статус на мало гратче ( руски: посёлок городского типа) на северозапад на европскиот дел на Руската Федерација. Сместено е на крајниот северозапад на Ленинградската област и административно припаѓа на Виборшкиот реон .

Куќа во Лесогорски на брегот на Вуокса

Според проценките на Националната статистичка служба за 2015 година во градот живееле 3 302 жители.

Има статус на населба од урбан тип, односно за мало гратче носи од 1940 година.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот Лесогорски се наоѓа на северозапад на Карелијска превлака, на левиот брег на реката Вуокса, недалеку од меѓународната граница меѓу Русија и Финска. Гратчето се наоѓа на околу 185 километри северозападно од Санкт Петербург .

Историја[уреди | уреди извор]

Поглед на гратчето од почетокот на минатиот век

Во пишани извори, населбата прво се споменува во текстот на Ореховскиот мир од 1323 година и според чии одредби некои територии во Новгородската територија биле предадени под управа на Швеѓаните (меѓу нив и месноста Јаски). Останала во границите на шведската држава сè до Руско-шведската војна од 1741-1743 година кога станала дел од Руската Империја. Во периодот од 1918 година до 1940 година населбата се наоѓала во границите на Финска .

По враќањето во Советскиот Сојуз во 1940 година, поранешното село Јаски доби административен статус на урбана населба во ранг на мало гратче, сè до 1960 година има функција на регионален центар. Откако Лесогорскиот регион беше распуштен во 1960 година, градот Лесогорск административно потпаѓа под администрација на Виборшкиот реон. Сегашното име го носи од 1948 година.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според податоците од пописот во 2010 година во градот живееле 3 273 жители, додека според проценките на Националната статистичка служба за 2015 година градот имал 3 302 жители.

Движење на бројот на жителите
1939 година 1959 година 1970 година 1979 година 1989 година 2002 година 2010 година 2015 година
--- 5 330 4 938 4 798 3 744 3 004 3 273 3 302

Економија[уреди | уреди извор]

Индустрија[уреди | уреди извор]

Во Лесогорски постои фабрика за производство на пластика и влакна. Има електроцентрала на Вуокса.

Транспорт[уреди | уреди извор]

Лесогорски е поврзан железнички со Каменогорск, каде што има врска со старата пруга Виборг - Јоенсу. Има сообраќај во приградската област до Виборг. Продолжувањето на железничката пруга преку Светогорск до државната граница е неупотребено.

Лесогорски е поврзан со патишта со Каменогорск и Виборг, како и со Иматра преку границата преку Светогорск

Види повеќе[уреди | уреди извор]

Користена литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]