Леринско-костурска бригада
Леринско -костурска бригада | |
---|---|
Активна | 22 октомври 1944 – 18 ноември 1944 |
Земја | Македонија |
Припадност | НОВЈ |
Големина | 4 баталјони |
Битки | Завршни операции за ослободување на Македонија |
Леринско-костурска македонска бригада - бригада на НОВЈ основана на 22 октомври 1944 година во битолското село Градешница. Во нејзиниот состав биле вклучени етнички Македонци од Леринско-костурскиот народноослободителен баталјон, претходно дел од Грчката народноослободителна армија (ЕЛАС), и новодојдените борци од Егејска Македонија.
Борбен пат на бригадата
[уреди | уреди извор]Во соработка со другите единици на НОВ и ПО на Македонија вршела напади на германските колони на патот Лерин - Битола на 18 и 19 октомври. На 20 октомври, од заседа, ликвидирала Германци во автомобили во заседа. Во соработка со борците на ЕЛАС, воделе битки во Леринско и потоа учествувала во ослободувањето на Битола на 4 ноември 1944 година. При основањето на Првата егејска ударна бригада на 18 ноември 1944 година, таа се приклучила на нејзиниот состав.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонска енциклопедија, 794-795. стр.
Литература
[уреди | уреди извор]- Македонска енциклопедија (книга прва). „МАНУ“, Скопје 2009 г. година.