Лапчишта

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Лепчишта)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лапчишта
Νεάπολη
Стар сокак во Лапчишта
Стар сокак во Лапчишта
Лапчишта is located in Грција
Лапчишта
Лапчишта
Местоположба во областа
Лапчишта is located in Горуша (општина)
Лапчишта
Местоположба на Лапчишта во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°18.46′N 21°23.16′E / 40.30767° СГШ; 21.38600° ИГД / 40.30767; 21.38600Координати: 40°18.46′N 21°23.16′E / 40.30767° СГШ; 21.38600° ИГД / 40.30767; 21.38600
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаЛапчишта
Надм. вис.&10000000000000670000000670 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2.285
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Лапчишта во 1918 г.
Веселба во Лапчишта за време на Првата светска војна.

Лапчишта (дијалектно: Лапчишча; грчки: Νεάπολη, Неаполи; до 1928 г. Λαψίστα, Лапсиста или Λειψίστα, Липсиста[2]) — гратче во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 2.285 жители (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Гратчето е сместено во областа Населица (по која го носи неговото алтернативно име), 47 км западно од Кожани и 22 км северозападно од Сачишта.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Од името на селото се гледа дека првично било македонско. Топонимот потекнува од старословенскиот поим хлапъ што значи „слуга“.[4]

Во XIX век Ляпчища е седиште на Населичката каза во Серфичкиот санџак. Другото име на гратчето е Населица, наречено по оваа област (со турски облик Населич и грчки облик Анаселица).

Поради раното присуство на грчките притисоци, гратчето со време станало наполно порчено и гркојазично, но било мешано по вероисповед. Било најголемото место населено со исламизирани „Грци“, т.е. Валахади, кои веројатно биле од поинаква народност по крв. Според тенденциозната големогрчка статистика на Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 г. во Лапсисти (Lapsisti), Шишанска епархија, живеле 1.800 Грци.[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Лапчишта имало 800 жители Грци христијани, 1.200 Грци-муслимани (Валахади), како и 200 Роми.[6]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Лапчишта Населич (Lapsichta Nasselitch) имало 600 Грци и 1.200 Роми (Валахадите).[7]

Според грчка статистика од 1904 г. во Лапсиста живееле 2.000 Валахади и 200 Грци христијани.[8]

Во 1906 г. е изградена црквата „Св. Троица“.[9]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. Лапчишта е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 1.047 жители, кои во 1920 г. нараснале на 1.401 жител. Во 1920-те муслиманските жители се иселени во Турција, а на нивно место се доведени грчки колонисти од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1928 г. гратчето е заведено како мешано мештанско-дојденско село со 1.592 жители,[3] од кои 978 лица (239 семејства) биле дојденци.[10]

Во 1928 г. властите го преименувале гратчето во Неаполис, што во превод значи „нов град“.[11]

Во 1940 г. Лапчишта пораснало на 1.944 жители и продолжило да расте во следните десетлетија, заклучно со денес.[3]

Во 1972 г. е завршена црквата „Св. Ѓорѓи“.[12] Во 1981 г. на еден рид јужно од градот е подигната и црквата „Свети Илија“, осветена во 1984 г. од митрополитот Антониј Шишански и Сачишки.[13]

Во Лапчишта има и стари цркви — „Св. Дух“ на југоисточниот крај и „Св. Никола“.[9]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1.944 1.987 1.838 1.992 1.872 1.889 2.301 2.285
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Покрај трговијата и дуќанџиството, населението се занимава и со одгледување на жито, тутун и други земјоделски производи.[3]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Лапчишта
Починати во Лепчишта

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Πανδέκτης – Μετονομασίες
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 341. 
  4. Дуриданов, Иван. Значението на топонимията за етническата принадлежност на македонските говори. в: Лингвистични студии за Македония, София, МНИ, 1996, стр. 183.
  5. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman: Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 53.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 272.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 226 – 227.
  8. Σπανός, Κωνσταντίνος. „Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων“, in: „Ελιμειακά“, 48 – 49, 2001.
  9. 9,0 9,1 „Ιεροί Ναοί και Μoνές της Αγίας Τριάδος (Αγίου Πνεύματος) στο Βόιο“. Το Βόιον. конс. 5 јануари 2015. 
  10. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  11. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 – 1971
  12. „Ιεροί Ναοί του Αγίου Γεωργίου στο Βόιο“. Το Βόιον. конс. 4 јануари 2015. 
  13. „Ιεροί Ναοί του Προφήτη Ηλία στο Βόιο“. Το Βόιον. конс. 4 јануари 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]