Леополд V (војвода од Австрија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Леополд V
Војвода од Австрија

Herzog Leopold V. Babenberg.jpg
Војовда 1177–1194
Претходник Хајнрих II
Наследник Фридрих I
Сопруга Елена Унгарска
Деца
Фридрих[1]
Леополд VI
Татко Хајнрих II
Мајка Теодора Комнина
Роден(а) 1157
Починал(а) 31 декември 1194(1194-12-31) (aged 37)
Грац, Штаерска

Леополд V Бабенберг (германски: Leopold V, роден во 1157 - починал на 31 декември 1194 во Грац) — владетел од династија Бабенберг како војвода од Австрија од 1177 година и војвода од Штаерска од 1192 година. Леополд бил еден од најзначајните учесници во Третата крстоносна војна.

Рани години[уреди | уреди извор]

Леополд бил син на австрискиот војвода Хајнрих II и византиската принцеза Теодора Комнина.[2] . За време на владеењето на неговиот татко, Австрија бил издигната на ниво на војводство од маркгрофство во 1156 година од страна на Фридрих Барбароса. Како најстар син на Хајнрих, Леополд во 1174 година во Регенсбург положил вазална заклетва. На 13 јануари 1177 година од својот татко ја наследил титулата војвода пд Австрија. Набргу по стапување на власт, Леополд му дал подршка на бохемискиот војвода Фридрих во неговата борба со својот роднина Собјеслав II. За возврат, Леополд постигнал мировен договор со соседна Чешка. На мировната конференција од 1179 година како посредник бил Фридрих Барбароса. По две години учествувал на кралското собрание во Ерфурт, каде неговиот првенец Фридрих исто така положил заклетва.

Трета крстоносна војна[уреди | уреди извор]

Во 1182 година заминал кон Светата земја каде бил свечено дочекан од страна на унгарскиот крал Бела III и Алексиј II Комнин. Во Германија водел преговори со Отокар IV кој ја примил титулата во 1180 година. Според договорот, од 1186 година Штаерска била приклучена кон териториите на Горна Австрија по неговата смрт во 1192 година[3].

Леополд учествувал во третата крстоносна војна. Граничниот спор со Бела III го спречил да се приклучи кон силите на Фридрих Барбароса во 1189 година. Следната 1190 година заминал во Венеција, од каде тргнал кон Светата земја. Поради лошите временски услуви тој зимата ја поминал во Задар. Во Палестина пристигнал кога опсадата на Акра била при својот крај. Тогаш тој го презел водството над француските сили кои биле под раководство на Фридрих Швабски. Според легендата, овде настанал и австриското знаме[3].

По зазимањето на Акра, Леополд како командант на германските сили сакал еднакви права како францускиот и англискиот крал но неговото барање било одбиено. Кога Леополд го истакнал знамето на Австрија, пред оние на Ерусалимското кралство[3], Англија и Франција, роднината на Ричард, Конард, го соборил австриското знаме. Поради тоа настанал жестока расправија, по која Леополд ја напуштил Светата земја и во 1191 година се вратил во Австрија.

Во јануари следната година бил оптужен пред Хејнрих VI за убиство на Конард кој во меѓувреме бил избран за крал на Ерусалим. Филип II исто така ја напуштил Палестина, а во Англија се направил сојуз од страна на Јован Безземниот за соборување на Ричард од престолот. По повлекувањето на Ричард, пред Божик во 1192 година од страна на австриските сили бил заробен самиот англиски цар и обвинет за смртта на Конрад Монфератски. Леополд го предал на германскиот цар Хајнрих VI кој побарал од Ричард голем откуп. Леополд го предал на германскиот император Хенрик VI. Тој барал откуп од 150.000 марки, кои пари во тоа време претставувале двегодишен приход на англиската круна. Мајката на Ричард започнала да собира средства за откупот, конфлискувајќи злато, сребро, имоти, цркви и слично. Конечно, на 4 февруари 1194 година бил ослободен, но Леополд бил екскомунициран од страна на римскиот папа бидејќи држел како заробеник крстоносец[3].

Последни години[уреди | уреди извор]

Леополд за да се заштити започнал подготовка на нова крстоносна војна, но неговите планови не успеале. Во 1194 година си ја скршил ногата при едно паѓање од коњ на еден витешки турнир во Грац. Ниту еден хирург не сакал да му ја ампутира неговата нога па војводата наредил на својот слуга да му ја отсече ногата со секира. По ова се разболел од гангрена. Непосредно пред својата смрт се исповедал на архиепископот Адалберт III.

Семејство[уреди | уреди извор]

Леополд се оженил на 12 мај 1172 година или во 1174 година за Елена Унгарска. Таа родила барем 2 деца:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Fastlinger 1920, p. 112.
  2. Lingelbach 1913, pp. 91–92.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Cawley, Charles. „Austria“. Medieval Lands Project. http://fmg.ac/Projects/MedLands/AUSTRIA.htm#LeopoldVdied1194B. посет. 2 јануари 2013 г. 
Библиографија
  • Beller, Steven (2007). A Concise History of Austria. New York: Cambridge University Press. ISBN 978-0521478861. 
  • Brooke, Z. N. (1938). A History of Europe: From 911 to 1198. London: Methuen & Company Ltd. ISBN 978-1443740708. 
  • Dopsch, Heinz (1999). Österreichische Geschichte 1122-1278. Vienna: Ueberreuter. ISBN 3-8000-3973-7. 
  • Howden, Roger (1871). William Stubbs. уред. Chronica (4 volumes). 
  • Lechner, Karl (1976). Die Babenberger: Markgrafen und Herzoge von Österreich 976–1246. Vienna: Böhlau. ISBN 978-3205085089. 
  • Leeper, Alexander W. (1941). History of Medieval Austria. London: Oxford University Press. ISBN 978-0404153472. 
  • Lingelbach, William E. (1913). The History of Nations: Austria-Hungary. New York: P. F. Collier & Son Company. 
  • Pohl, Walter (1995). Die Welt der Babenberger. Graz: Verlag Styria. ISBN 978-3222123344. 
  • Rickett, Richard (1985). A Brief Survey of Austrian History. Vienna: Prachner. ISBN 978-3853670019. 
  • Wegener, Wilhelm (1965). Genealogischen Tafeln zur mitteleuropäischen Geschichte. Vienna: Verlag Degener. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Леополд V (војвода од Австрија)
Роден(а): 1157 Починал(а): 31 декември 1194

Шаблон:S-roy

Претходник
Хајнрих II
Војвода од Австрија
1177–1194
Наследник
Фридрих I
Претходник
Отокар IV
Војвода од Штаерска
1192–1194
Наследник
Леополд II