Леополд VI (војвода на Австрија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Леополд VI Бабенберг)
Леополд VI
војвода на Австрија
војвода од Штаерска
Војвода1194–1230 (Штаерска)
1198–1230 (Австрија)
ПретходникФридрих I
НаследникФридрих II
Роден(а)1176
Починал(а)28 јули 1230(1230-07-28)
Касино
СопругаТеодора Ангелина
Деца
ТаткоЛеополд V
МајкаЕлена Унгарска

Леополд VI Бабенберг (германски: Luitpold VI. von Österreich, роден во 1176 - починал на 28 јули 1230) — владетел од династија Бабенберг[1], војвода на Австрија од 1198 година и војвода од Штаерска од 1194 година до неговата смрт.

Животопис[уреди | уреди извор]

Леополд бил син на Леополд V Бабенберг (1157-1194) и неговата сопруга Елена Унгарска (1158-1199), ќерка на унгарскиот крал Геза II.

По прекршување на одредбите од пактот од Георгенберг, по смртта на Леополд V териториите на Бабенберг биле поделени: поголемиот брат Фридрих I го доби Војводство Австрија (територија што одговара приближно на денешна Долна Австрија и Источна Горна Австрија), а самиот Леополд VI станал војвода на Штаерска. И двете војводства подоцна биле обединети од страна на Леополд VI кога Фридрих починал по само четири години од своето управување.

Крстоносна војна[уреди | уреди извор]

Леополд VI учествувал во шпанската Реконквиста и во две крстоносни војни - во 1212 и 1217-1221, поради одбрана на честа на својата династија[2]. Слично на своите претходници, Леополд VI се обидел да го развие феудалниот систем во земјата со основање на манастири. Најважен проект на овој потфат бил манастирот во Лилиенфелд во Долна Австрија по долината на реката Трајзен каде по смртта Леополд бил погребан. Покрај тоа, тој давал поддршка на католичките ордени. Друга важна заслуга на војводата Леополд било тоа што Енс го подигнал во статус на град во 1212 и Виена во 1221, чија територија се зголемила речиси двапати.

Готика[уреди | уреди извор]

При управувањето на Леополд, во Австрија започнал да се применува архитектонскиот стил готика. Капелата Capella Speciosa се смета за првиот објект кој бил направен во готски стил во реонот на реката Дунав во Клостернојбург. Реконструкција на капелата може да се види и денес во градините на дворецот во Лаксенбург.

Австрија на Бабенбергите го достигнала зенитот за време на управувањето на Леополд. Како доказ за тоа може да се сметаат бракот на војводата со византиската принцеза Теодора Ангелина и неговиот обид да посредува во односите помеѓу царот на Светото Римско Царство Фридрих II и папа Григориј IX на кои работел до својата смрт во 1230 година во Италија.

Искуство[уреди | уреди извор]

Дворот на Леополд е познат како центар за средновековните минезингери - Валтер фон дер Фогелвајде, Најдхарт фон Ројентал и Улрих фон Лихтенштајн, кои биле редовни посетители на војводата. Се смета дека епската песна Nibelungenlied била напишана во дворот на Леополд VI Бабенберг.

Леополд VI починал во Касино во 1230 и бил наследен од страна на неговиот син Фридрих II.

Семејство[уреди | уреди извор]

Леополд VI и Теодора Ангелина (1180/1185 во Цариград, † 22/23 јуни 1246) од византиската царска династија Ангели имале седум деца:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Lingelbach 1913, pp. 91–92.
  2. Leeper 1941, pp. 286

Надворешни врски[уреди | уреди извор]