Леополд IV (војвода од Австрија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Леополд IV
Leopold IV.jpg
Роден(а)о. 1371
Виена
Починал(а)3 јули 1411
Виена
Благородно семејствоХабсбуршка династија
Сопружник(ци)Катарина Бургундска
ТаткоЛеополд III
МајкаВиридис Висконти

Леополд IV (германски: Leopold IV der Dicke, роден околу 1371 во Виена - починал на 3 јули 1411 во Виена[1]) — владетел од Хабсбуршката династија како војвода од Австрија (1386—1411), војвода од Штаерска, војвода од Корушка и војвода од Крањска (1386—1396), гроф од Тирол (1386—1406).

Рани години[уреди | уреди извор]

Леополд IV бил син на војводата Леополд III и Виридис Висконти. Во 1386 година неговиот татко бил убиен во Битката кај Семпах. Нивниот чичко Албрехт III[2] ги управувал териториите на нивниот татко бидејќи Леополд, заедно со неговите браќа Вилхелм, Ернест и Фридрих биле малолетни.

Управување[уреди | уреди извор]

По конфликтот и по склучувањето на договор во Холенбург со неговиот братучед Албрехт IV, Леополд од 1396 година станал војвода на Горна Австрија (Тирол и Предна Австрија). По смртта на неговиот брат Вилхелм тој од 1406 до 1411 година бил регент во Виена на неговиот малолетен внук Албрехт V во Виена, идниот римско-германски крал.

Семејство[уреди | уреди извор]

Леополд во 1393 година се оженил за Катарина Бургундска, ќерка на војводата Филип Храбриот од Бургундија и неговата сопруга грофицата Маргарета. Тие немале деца.

Негов наследник во Тирол станал брат му Фридрих. Неговата вдовица во 1414 година се оженила за Максимилијан Смасман фон Раполтштајн.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Early Habsburg“. European Heraldry. Посетено на 26 April 2011.
  2. Franz von Krones: Leopold IV. (Herzog von Österreich, Steiermark, Kärnten und Krain). In: Allgemeine Deutsche Biographie (ADB). Band 18, Duncker & Humblot, Leipzig 1883, S. 395–398.
Леополд IV (војвода од Австрија)
Роден(а): 1371 Починал(а): 3 јуни 1411
Претходник
Леополд III
Војвода од Штаерска
Војвода од Корушка
Војвода од Крањска

1386–1411
со
Вилхелм, ]] until 1406
Наследник
Фридрих