Леополд III (војвода од Австрија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Леополд III
Leopold III of Austria.jpg
Војвода од Австрија
Reign 1365 - 1395
Predecessor Рудолф IV
Successor Албрехт III
Сопруг Виридис Висконти
Потомци
Вилхелм
Леополд IV
Ернест
Фридрих IV
Татко Албрехт II
Мајка Јохана фон Пфирт
Роден/а 1 ноември 1351
Виена
Починал/а 9 јули 1386
Семпах
Погреб манастир Свети Павле

Леополд III (германски: Leopold III der Gerechte, роден на 1 ноември 1351 во Виена - починал на 9 јули 1386 во Семпах) — владетел од Хабсбуршката династија како војвода од Австрија (1365–1379), војвода од Штаерска, војвода од Корушка и војвода од Крањска и гроф од Тирол (1365–1386)[1].

Рани години[уреди | уреди извор]

Леополд III бил син на војводата Албрехт II и Јохана фон Пфирт.

Управување[уреди | уреди извор]

Неговиот татко Албрехт II во 1355 година го основал Хабсбуршкиот домашен ред, според кој неговите синови заедно и со еднакви права треба да ја водат земјата. Кога тој починал на 20 јули 1358 година, најголемиот негов син Рудолф IV го презел управувањето на териториите, бидејќи другите негови три сина биле малолетни.

Во 1364 година Рудолф IV го основал Рудолфскиот домашен ред, според кој хабсбуршките територии се заедничка сопственост на сите браќа со потписите на тројцата браќа. (Фридрих III починал во 1362 година). По неколку месеци Рудолф IV починал ненадејно на 26 години и двајцата браќа Албрехт III (кој имал 15 години) и Леополд III (кој имал 16 години) започнале да управуваат заедно. Поголемиот брат Албрехт ја имал водечката улога. Наскоро тие дошле до конфликт[1].

Со договорот од Нојберг од 25 септември 1379 година Албрехт ја добил Австрија, додека Леополд го добил Тирол, Штаерска, Корушка, Крањска, Горица и.т.н. Така презимето Хабсбург се поделило на Леополдска и Албрехтска линија.

Во 1386 година Леополд бил убиен во битката кај Семпах. Тој бил погребан во манастир Свети Павле во Корушка. Албрехт станал регент на сите хабсбуршки територии бидејќи синовите на Леополд биле малолетни. Албрехт починал во 1395 година и бил наследен од неговиот син Албрехт IV, но наскоро синовите на Леополд успеале да си ги вратат териториите.

Семејство[уреди | уреди извор]

Леополд се оженил во 1365 година во Виена за Виридис Висконти, ќерка на Војводата Бернабо Висконти од Милано. Тие имале четири деца:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Rudolf IV. der Stifter (на англиски). Austria-Forum. http://austria-forum.org/af/AEIOU/Rudolf_IV._der_Stifter/Rudolf_IV._der_Stifter_english. посет. 14. 03. 2016 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Леополд III (војвода од Австрија)
Роден(а): 1 ноември 1351 Починал(а): 9 јули 1386
Владејачки титули
Претходник
Рудолф IV
Војвода од Австрија
1365–1379
со Албрехт III
Наследник
Албрехт III
како sole duke
Војвода од Штаерска
Војвода од Корушка
Војвода од Крањска
Гроф од Тирол

1365–1386
со Албрехт III (1365–1379)
Наследник
Вилхелм
и Леополд IV