Георг Хајнрих Леополд Дипел (од 4 август 1827 - починал на 4 март 1914), бил германски ботаничар. Тој бил син на кралскиот баварски шумар, Карл Фридрих Петер Дипел, и Сузана Пурпус. Се школувал во Кајзерслаутерн и Цвајбрикен. Од 1845 година студирал на Шумарската академија во Ашафенбург, каде што дипломирал во 1848 година. За време на студиите таму, тој бил член на братството „Хубертија“ од Минхенскиот корпус. Ги продолжил студиите во Јена под менторство на Матијас Јакоб Шлајден. Под негово водство, тој продлабочено ги изучувал ботаниката и бил пионер во својата работа во микроскопијата и во истражувањето на структурата на растителните тела. Од јули 1869 година, работел на Техничкиот универзитет во Дармштат, како професор по ботаника и зоологија, ботаника и клеточна хистологија. Тој период неговите интереси се свртеа кон дендрологијата. Тој набавувал многу интересни видови странски дрвја и и различни видови грмушки, главно собрани од неговиот братучед Карл Алберт Пурпус во Северна Америка и Мексико, и ги испраќал во Германија. Бил ректор на Техничкиот универзитет во Дармштат од 1870 до 1871 година и декан на Хемиско-техничкото училиште од 1882 до 1887 година. Се пензионирал на крајот од летниот семестар во 1896 година.
Микроскопот и неговата примена Том I (1867) Том II (1869)
Прирачник за дендрологија - опис на домашни и култивирани дрвја и грмушки на отворено. За ботаничари, градинари и шумари (1889-1893 дел I до III) doi: 10.5962 / bhl.title.12978 doi: 10.5962 / bhl.title.20463
Учество во „Целата наука“. Трето ревидирано и збогатено издание. Печатено и објавено од ГД Бедекер Есен 1873 година.
Стандардната авторска кратенка Dippel се користи за посочување на оваа личност како автор при наведувањето на ботанички назив.[1]