Леопардов гекон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Леопардов гекон
Leopard gecko adultfemale.jpg
Припадник на женскиод род.
неоценет
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Гуштери
Семејство: Капачни гекони
Род: Леопардови гекони
Вид: Леопардов гекон
Биномен назив
Eublepharis macularius
Blyth, 1854

Леопардов гекон (науч. Eublepharis macularius) — предноќен копнен гуштер од семејството капачни гекони (Eublepharidae) чија природна средина се пустините во Азија особено Пакистан, делови од северна Индија. За разлика од повеќето гекони, леопардовите гекони поседуваат подвижни очни капаци. Овој гекон е доста распостранет како домашно животно и добро го поднесува животот во заробеништво.

Животното може да се види во терариумот на Зоолошката градина во Скопје.[1]

Таксономија[уреди | уреди извор]

Леопардовиот гекон првпат како вид е опишан од зоологот Едвард Блит во 1854 година како Eublepharis macularius.[2] родовото име Eublepharis, е спој од старогрчките зборови еу (добар), и блефар (очен капак), бидејќи поседувањето на очни капаци е основната карактеристика која го разликува од останатите членови на ова подсемејство гекони, заедно со отсуство на прстни ресички, груба кожа, и ноќно однесување.[3] Името на овој вид, macularius, потекнува од латинскиот збор macula што значи „точка“ или „белег“, што пак се однесува на природниот точкест изглед на животното. Леопардовите гекони се сродни со многу различни гекони меѓу кои и со африкански дебелоопашест гекон. Постојат четири видови кои се особено сродни со леопардовиот гекон, од кои еден бил сметан за подвид на леопардовиот гекон, постојат пет пдвидови на леопардовиот гекон

Распостранетост[уреди | уреди извор]

Природното живеалиште на леопардовиот гекон се каменестите, степски и пустински области на јужна Азија Авганистан, Пакистан, северозападна Индија, и во некои делови од Иран. Зимските температури во овие области се доста ниски, под 10 °C, приморувајќи го животното да замине подземи во некаков вид на полухибернација, која се нарекува брумација, живеење од масните наслаги. Леопардовите гекони се предноќни влекачи, преку денот тие се ограничени на своите дупки, но се доста активни при зора или при самрак кога тмепературите се погодни.[4] Овие гекони се самостојни, и вообичаено не живеат со други животни.[5]

Исхрана[уреди | уреди извор]

Леопардовите гекони се хранат со скакулци, лебарки, восочни црви, брашнени црви, суперцрви, други инсекти, земни црви, замрзнати глувчиња (овие имаат мрсни црни дробови). Во заробеништво, повеќето единки ќе сакаат да си ја ловат сами храната. Поголемиот дел од геконите во заробеништво ќе одбиваат да се хранат со мртов плен. Штурците се најчестата храна која им се дава во заробеништво, бидејќи можат да ги ловоат во својот терариум, како што истото би го правеле во своето природно живеалиште иако брашнените црви и одредени видови на лебарки се исто така застапени во нивната исхрана. Кога нема доволно храна во дивината на пустината, тие се потпираат на способноста да ги скалдираат вишоците на масти во својата опашка. Доволното количество на калциум и витамин D3 е исто така важен дел од нивната исхрана: како се прехрануваат во дивината е сеуште непознато, можно е да го добиваат од нивната разнолика исхрана со молци, пајаци, мравки, и други инсекти. Во заробеништво, е невозможно целосно да се копитра исхраната од дивината, па така им се нудат најхранливите инсекти,вообичаено напрашени со фина прав од калциум со додатоци на витамин D3 а понекогсш се хранат и директно присилно. Нивните остри сетила за мирис и вид им овозможуваат да трагаат по храна во дивината, па тие би го следеле пленот на некој начин како што тоа би го правел и вистинскиот леопард, мрдајќи ја нивната опашка, и удирајќи со истата кога ќе бидат задоволни и заситени.[5]

Особености[уреди | уреди извор]

Сликано од близина младенче на леопардовиот гекон.

Леопардовите гекони се доста поголеми од остантите гекони. Младенчињата по изведувањето имаат должина од 6,5 до 8,4 cm и тежат околу 3 грама, додека пак возрасните гекони се долги околу 20,5 до 27,5 cm и тежат околу 45 до 65 грама. Оние примероци кои се забележани во дивината имаат потемна, поеднставна и не се со изразена шареноликост на бои за разлика од оние кои се чуваат воо заробеништво како домашни миленици. Оние кои се во заробеништво имаат изразен број на бои и нивна шематска распределеност. Кожата на леопардовиот гекон е мошне издржлива, што пак обезбедува заштита од грубиот песок и каменстиот терен кој е присутен во нивната животна средина. Нивната страничност е препокриена со мали израстоци, што им дава груб изглед и појава, додека пак одоздола сње проѕирни и мазни. Како и сите останати влекачи, леопардовите гекони ја менуваат својата кожа. Некојку денови пред промената на кожата, кожата ја менува бојата и постанува проѕирно бело сива.[6] Возрасните единки ја менуваат кожата еднаш месечно, додека пак младенчињата ја менуваат двапати во месецот.[7] Геконите ја јадат својата променета кожа, со што под истата се забележува новата посветло обоена кожа. зашто леопардовите гекони го прават токму ова. Едната е дека леопардовите гекони во дивината ја јадат својата кожа за да не остават траговби дека биле таму.[6] Другата теорија е дека со јадењето на кожата обезбедуваат белковини и други витамнини потребни за нивниот раст.[7]

Леопардов гекон кој ја менува својата кожа. Геконот ја јаде сопствената кожа по нејзината промена. Стиснете на врската на датотеката во горниот десен агол за описот и да го Погледате видеото во поголема разделна моќ.

Леопардовите гекони се ладнокрвни. Тие ја впиваат топлината и енергијата во текот на денот додека спијат, за да можат да ловат и да ја варат храната во текот на ноќта. Исто така, тие имаат куси нозе, што им овозможува да бидат брзи и подвижни, додека пак нивните мали нокти им овозможуваат да се качуваат на гранки и камења. Леопардовите гекони имаат отвори на страната од главата кои служат како уши. Ушна опна ги прекрива и заштитува. Со помош на своите уши тие ја определуваат местоположбата на својот плен. Здравите леопардови гекони иммат дебела, месеста опашка, тенка опашка е сигнал дека стнаува збор за слабо нахранет гекон. Иако, кога се во заробеништво, опашката може да се задебели со исхрана од восочни црви, овие црви типично се премрсни за геконите за истите да ја стекнат потренбата хранлива вредност. Тие исто така можат да се хранат со „розевки“, глувчиња стари еден ден со кои може да се задебели опашката, но сепак, тие имаат мала хранлива вредност.[8] Размножувачите препорачуваат штурците да се премачкаат со хранлив прав пред истите да им се понудат живи или мртви. Леопардовите гекони можат да ја обноват својата дебела опашка доколку ја изгубат истата, сепак, обновените опашки имаат погруб изглед и никогаш нема да наликуваат на првобитната опашка.[5]

Леопардов гекон кој ја загубил и повторно израснал нова опашка.

За разлика од другите гекони, но како и сите леопардови гекони (т.е. родот Eublepharis), нивните прсти немаат подмачкувачки фатни набори (ламели), па неможат да се искачуваат по мазни вертикални ѕидови.

Заби[уреди | уреди извор]

Леопардовите гекони се полифиодонтни, односно можат да го заменат секој од 100-те заби на секои 3 до 4 месеци.[9] Во близина на целосно израснатите заби постои мал заменувачки заб кој се развива од заботворна матична клетка во забните почетоци.[10]

Одбранбени механизми[уреди | уреди извор]

Леопардовите гекони се плен на змиите, лисиците и други поголеми влекачи. Нивните осетливи сетила за слух и вид им помагаат да избегаат во ноќни услови. Покрај нивниот исклучителен вид и слух, нивната кожа им овозможува да се прикријат од нивните гонители. вкус и мирис исто така се важни за нивниот опстанок. Лупењето на кожата исто така ги отстранува непосакуваните мириси кои би ги следеле нивните гонители. Тие исто така преку ден се во своите подземни дупки и тунели, пришто не само што ја избегнуваат дневната жештина, туку на тој начин избегнуваат да станат плен на некој од нивните ловци.[5]

Леопардовите гекони имаат можност доброволно да ја отфрлат својата опашка доколку се нападнати, држени за опашката, гризнати за време на парењето или пак доколку се гризнати за време на хранењето. Ова се нарекува опашеста автотомија. По автотомијата опашката продолжува са мрда во период од околу 30 минути, овозмужувајќи му на геконот да избега од својот гонител.[11][12] Опашката е голема и кај еден сроден вид (Christinus marmoratus) забележано е дека геконот без опашката може побрзо да избега.[13] Напукнувањата во коските во опашката овозможуваат опашката брзо да се одвои, додека пак брзото стегање на крвните садови овозможува минимална загуба на крв. Ова откинување на опашката предизвикува голем стрес кај геконот, поради загубата на големите резерви на масно ткиво.[14] Обновувањето на опашката започнува веднаш бидејќи истата е потребна за опстанокот. Изгубената опашка може да ја зголеми шансата за болест и во некои крајности и да го убие, но ова не се случува често.[5] Обновените опашки најчесто ја задржуваат сличната боја со оригиналната опашка [сепак може да постои поголема разлика во распоредот на шарите], сепак тие се најчесто мазни и ги немаат истите својства квалитети и должина како првичната опашка. Опашкта ќе биде покуса и најчесто подебела од првичната опашка.

Полови разлики[уреди | уреди извор]

Мажјак (горе) и женка (долу)

Половите разлики се дефинирани како фенотиписки разлики меѓу мажјаците и женките од видовите. Може да се сретне кај животните, како на пример леопардовите гекони и останатите влекачи.[15] Овие разлики се присутни кај возрасните мажјаци и женки, но тешко е да воочат кај младите гекони. Долната страна од геконите се користи за определување на полот на геконот. Мажјаците имаат преданални пори и гонадна испакнатост, додека пак кај женките има помали пори и нема надворешни испакнатости.[5]

Мажјаците можат да го одредат полот на другите леопардови гекони со мирисање на фермоните на нивната кожа. Мажјаците спрема другите мажјаци реагираат агрсивно, додека пак кон женките се однесуваат нежно. Кон останатите мажјаци, мажјакот би се поткренал од самото тло, би ги истегнал своите екстремитети, и би го закривил својот грб, при што ќе го прикажат својот набабрен јазик како знак на агресивност. За подоцна да направи куси залетувања со брзи и истовремено жестоки каснувања кои најчесто ја расекуваат кожата а понекогаш можат да доведат и до потешки ранувања на противникот. Мажјаците се однесуваат на ист начин и кон женките во периодот кога ја менуваат својата кожа. Пред и по менувањето на кожата, мажјаците секогаш се нежни спрема женките.[16]

Размножување[уреди | уреди извор]

Леопардовите гекони се исто така познати по тоа дека полот на младите се образува под дејство на надворешната температура. Истражувањата покажуваат дека може да се добијат повеќе женки во предоминантно пониски температури (околу 26–30 °C (79–86 °F)) и при повисоки температури (околу 34–35 °C (93–95 °F)). Забележано е дека мажјаците се добиваат при средни температури (околу 31–33 °C (88–91 °F)). Женките родени при повисоки температури се разликуваат од оние кои се родени при пониски температури како хормонски така и во однесувањето. Оние кои се изведуваат при повисоки температури се поагресивни во однесувањето.[17] Овие женки се познати како „жешки женки“ и најчесто станува збор за неплодни женки.

Леопардовите гекони се размножуваат најчесто во летниот период. Женките можат да ја складираат спермата за време на сезоната на размножување, и на тој начин да оплодат и до три гнезда јајца од еден или два сексуалн и односи, па оттука следи дека мажјаците се непотребни по првото или второто спарување.[18] Еднаш кога женката се има спарено и ја примила спермата, ќе и биде потребно огромно количество на калциум за здравје и да се осигура дека јајцата ќе калцифицираат соодветно. Таа може да снесе од шест до осум легла, кои се состојат од две јајца во секое легло. Обично тие снесуваат две јајца приближно на 21 до 28 денови по спарувањето. По 45 или 60 денови, капки на влага че се појават на лушпата и истата ќе почне да се намалува и делумно да колабира. Ова се знаци дека јајцата ќе се изведат. Бебињата на леопардовите гекони поседуваат т.н. „јајчен заб“, калцифициран врв на крајот од муцката со кој ја разбиваат лушпата на јајцето. Овој заб ќе отпадне по два или три дена. Покрај ова, нивната кожа вообичаено се меува по 24 часа од изведувањето. Младите на леопардовите гекони не можат да јадат се додека не ја променат својата кожа.[5]

Заболувања и здравствени нарушувања[уреди | уреди извор]

Родените и одгледаните во заробеништвво леопардови гекони не заболуваат од болести кои можат да се пренесат на луѓе. Салмонелата не преставува проблем, бидејќи истите живеат во сува околина и болестите вообичаено се случуваат во водени или полуводени видови кои се чуваат во несоодветни услови.[19] However, there are several common diseases that leopard geckos may experience.

  • Гастроентеритис, предизвикан од бактерии или протозои (особено Кокцидии) инфекција која е предизвикана од несоодветни услови, можат да доведат до појва на дијареа. Како резултат на ова, геконите можно е да имаат воденеста или пак столица во која е присутна крв. Вообичаено столицата е сува и со определен облик со мал бел дел. Ова е заразно заболување и исотот може многу лесно да се рашири. Други симптоми на ова заболување се губење на телесната тежина, тенка опашка, недосварени скакулци. Доколку не се лекува, геконот ќе престане да се храни, ќе дехидрира и ќе ослаби, и најверојатно по кус период и ќе почине.[5]
  • Метаболичко коскено заболување е заболување кое настанува поради недостаток од хранливи минерали во исхраната како калциум и витамин D3. Калциумот и витамионот D3 се критични за правилното создавање и оформување на јајцата кај бремената женка. Геконите кои се заболени со ова заболување ќе имаат симпоми како слабост, коските стануваат сунѓерсти, настануваат деформитети во екстремитетите и 'рбетот, треперење или грчење, како и недостаток на апетит. Опоравувањето од ова заболување може да биде доста тешко.[5]
  • Анорексијата кај леопардовите гекони може да биде предизвикано од стрес, несоодветни услови, хранливи недостатоци или пак други болести. Анорексичните леопарови гекони се слаби, имаат доста тенка опашка, стануваат спори и слаби, престануваат да јадат, и по одреден период најверојатно ќе починат доколку не се лекуваат.[5]
  • Дисекдисис е состојба при која леопардовиот гекон има проблем со менувањето на сопствената кожа поради слабата исхрана, недостаток на влажност и влага, и несоодветна нега. Нецелосно сменетата кожа ќе се манифестира како суви делови на различни области на телото како што се главата, очите екстремитетите и опашката. Леопардовите гекони со ова заболување можно е да добијат нови очни заболувања, имаат тешкотии при одењето, и се забележуваат како алки од стара кожа околу нивните екстемитети. Доколку ова заболување не се лекува, може да доведе до појава на инфекција.[5]
  • Пневмонија е тешко заболувње на дишниот систем предизвикано од бактерија во белите дробови. Леопардовите гекони можат да заболат од ова заболување доколку живееат во премногу влажна и ладна животна средина, со што се загрозува нивниот имунолошки систем. Почнуваат да се појавуваат мукусни балончиња во ноздрите, поради што истите имаат потешкотии при дишењето. Овој проблем вообичаено се разрешува со промена на температурата на околу 28 до 29 целзиусови степени.[5]
  • Песочни грчеви и пролапс се заболувања кои се случуваат поретко. Овие заболувања можат да настанат доколку леопардовиот гекон изеде песок или пак делови од другите почвени слоеви на кои тие живеат.[5]

Леопардовите гекони како миленичиња[уреди | уреди извор]

Леопардовите гекони се едни од најпопуларните влекачи кои се чуваат како домашни миленичиња. Тие најверојатно се првите припитомени гуштери за живот во домашни услови.[20][21] Нивната мала големина, робусност, и добрата грижа за истите ги прави одлични миленичиња за почетници.[22] Тие можат лесно да се размножуваат во заробеништво, па така примероците кои се сретнуваат во продажба се одгледани и родени во заробеништво, односно не станува збор за примероци кои се фатени во дивината.

Како да се избере леопардов гекон

Избирањето на „соодветниот“ леопардов гекон главно зависи од личните особености. Повеќето леопардови гекони се одгледани во заробеништво и истите можат да се купат од продавници за миленици или пак директно од самите одгледувачи. Кога треба да се избере примерок, најдобро е да се има во предвид:

  • Големина - Новоизведените младенчиња се вообичаено со должини од 6,5 до 8,4 цм и можат да пораснат до должина од 28 центиметри. За почетници, се препорачуваат недозреани леопардови гекони со големини од 10 до 15 цм. Доколку сакате да чувате поголем и поробустен гекон потребно е да сте поскусен одгледувач.
  • Пол - полот на гуштерот е од голема важност. Иако и мажјакот и женката се подеднакво убави за чување, возрасните машки гуштери мора да се чуваат одвоено бидејќи истите ќе се борат и ќе се повредат меѓусебно. Доколку сакате да размножувате леопардови гекони или пак да чувате повеќе во едно живеалиште, тогаш женките можат да живеат меѓусебно и потребно е да има еден мажјак на 10 до 20 женки.
  • Разлики - постојат голем број на разлики кај лепардовите гекони па така истите имаат и различни цени. Така имаме нормални кои се воедно и најефтините, џунглови, со пруги, обратни шари, без особени шари, и.т.н. Овие шари можат да имаат и различни бои, вообичаено светло жолта, портокалова, бела лаванда, бледи бои, меланински (претежно црни со бели шари), и амеланински (албино). и бојата која Вие најмногу ја посакувате и вообичаено е да побарате одгледувач доколку сакате да набавите од поегзотичните примероци.
  • Здравје - здравјето на гуштерот е најверојатно едно од најважните фактори кога треба да се одлучите за тоа каков гуштер да земете:

1. Телото треба да е мазно, не треба да се забележуваат бутните коски, и да имаат заоблена опашка. Збрчканата опашка не значи дека станува збор за нездрава единка, туку дека истата не е хранета подолг временски период. 2. Устата, кога е затворена, треба да биде израмнета, без притоа горната и долната вилица да се издадени една на друга. 3. Тие треба да имаат подеднаков број на прсти односно да не недостасуваат прсти или пак истите да се отечени. 4. Очите треба да бидат со подеднаква големина. Потребно е да се избегнуваат гекони со мали очи или пак со големи очи. 5. Проверете го изметот за неговата конзистенција. Изметот трба да е полуоформен, помалку да наликува на пелети, и истотака да биде темен со бели шари. Бледиот, светло-обоен, жолто-портокалов, пастелив, и течен измет значи дека станува збор за заболена единка.[20]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Леопардов гекон“. Зоо Скопје. http://www.zooskopje.com.mk/leopardov-gekon.html. конс. 9 јуни 2015 г. 
  2. Pockman, R.. 1854. Proceedings of the Society. Report of the Curator, Zoological Department.. „Saurologica“ (2): 1–15. 
  3. http://www.herpcenter.com/leopard-gecko-care/leopard-gecko-taxonomy.html
  4. Courteney-Smith, John (јуни 2012 г). Lighting for a mixed leopard gecko colony. „Practical Reptile Keeping“: 32–33. http://www.arcadia-reptile.com/wp-content/uploads/2012/02/032-33_PRK_June12.pdf. 
  5. 5,00 5,01 5,02 5,03 5,04 5,05 5,06 5,07 5,08 5,09 5,10 5,11 5,12 Hamper, R. (2004). The Leopard Gecko, Eublepharis macularius, in Captivity. MI: ECO Herpetological Publishing & Distribution. ISBN 0971319782. 
  6. 6,0 6,1 Bartlett, R.D.; Bartlett, Patricia (1999). Leopard and Fat-Tailed Geckos. Barron's Educational Series, Inc. стр. 26–27. ISBN 0-7641-1119-1. 
  7. 7,0 7,1 „Leopard Gecko FAQ“. http://www.reptilecare.com/LeopardFAQ.htm. конс. 9 октомври 2010 г. 
  8. Tanwall, Martin. (2011). Gecko Pets – Quick Fact Guide. Geckos for Pets. http://geckosforpets.com/gecko-pets-quick-fact-guide. конс. 11 јануари 2011 г. 
  9. Mechanism of tooth replacement in Leopard geckos
  10. Identification of putative dental epithelial stem cells in a lizard with lifelong tooth replacement
  11. „Ta-da!“. Audubon Magazine. http://archive.audubonmagazine.org/web/leopardgecko/. конс. 15 април 2013 г. 
  12. doi:10.1098/rsbl.2009.0577
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  13. Daniels, Christopher B.. Running: an escape strategy enhanced by autotomy. „Herpetologica“ том  39 (2): 162–165.  edit
  14. Smith, Pauline (2004). „Leopard Gecko Care Sheet“. The Gecko Spot. http://www.thegeckospot.net/leocareindex3.php. конс. 15 април 2013 г. 
  15. Kratochvil, L.; Frynta, D.. Body Size, Male Combat and the Evolution of Sexual Dimorphism in Eublepharid Geckos (Squamata: Eublepharidae). „Biological Journal of the Linnean Society“ том  76 (2): 303–314. doi:10.1046/j.1095-8312.2002.00064.x. 
  16. Mason, R.T.; Gutzke, W.H.N.. Sex Recognition in the Leopard Gecko, Eublepharis macularius (Sauria: Gekkonidae) Possible Mediation by Skin-Derived Semiochemicals. „Journal of Chemical Ecology“ том  16 (1): 27–36. doi:10.1007/BF01021265. 
  17. Viets, B.E.; Tousignant, A.; Ewert, M.A.; Nelson, C.E.; Crews, D.. Temperature Dependent Sex Determination in the Leopard Gecko, Eublepharis macularius'. „The Journal of Experimental Zoology“ том  265 (6): 679–683. doi:10.1002/jez.1402650610. PMID 8487018. 
  18. LaDage, L.D.; Ferkin, M.H.. Do Conspecific Cues Affect Follicular Development in the Female Leopard Gecko (Eublepharis macularius)?. „Behaviour“ том  145 (8): 1027–39. doi:10.1163/156853908784474506. 
  19. http://www.reptilia.org/pdfs/habitarium/HabitariumPrograms-GeckoQuickFactSheet.pdf
  20. 20,0 20,1 de Vosjoli, Philippe; Klingenberg, Roger; Tremper, Ron; Viets, Brian (2004). The Leopard Gecko Manual. BowTie, Inc. стр. 5. ISBN 1-882770-62-5. 
  21. Palika, Liz (2011). Leopard Geckos for Dummies. Wiley. ISBN 978-1-11806-827-4. 
  22. McLeod, Lianne. „Geckos as Pets“. http://exoticpets.about.com/cs/lizardsaspets/a/geckoguide.htm. конс. 19 јуни 2012 г. 


Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Леопардов гекон (Eublepharis macularius)Енциклопедија на живиот свет