Леонора Карингтон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Леонора Карингтон

Леонора Карингтон (англ. Leonora Carrington), (родена 6 април 1917 - 25 мај 2011 во Клејтон Грин, Ланкашир, Англија) е британска новелистка и сликарка надреалистка. Татко и бил богат индустријалец. Мајка и била Ирка.

Била образована од нејзината дадилка, учители и калуѓерки, и често била исклучувана од многу училишта заради нејзината палава природа сè додека не била испратена од семејството во Фиренца каде започнала да ја посетува Пенрос академијата за уметности. Татко и бил против нејзината уметничка кариера, но мајка и ја поддржувала безусловно. Со враќањето во Лондон, започнала да го посетува училиштето за уметност во Челси и се придружила на школата на Амиди Озенфант.

Амиди за прв пат ја видела Леонора и нејзините надреалистички дела во Лефт Банк галеријата, во 1927 година, и таму запознала и други уметници, вклучувајки го и Пол Елуард.

Првата изложба на Леонора се случила во галеријата Блумсбери во 1933 година. Карингтон била поканета да изложува и во 1936, на меѓународната изложба во Лондон, каде што била единствена жена учесник - професионален сликар. Станала славна прекуноќ.

Го запознала Макс Ернст на лондонска забава во 1937. Двајцата се вљубиле и приврзале за кратко, и Ернст со враќањето во Париз, веднаш ја напуштил својата тогашна сопруга. Леонора и Макс соработувале и напредувале сè додека Германците не извршиле напад врз француското село во кое живееле двајцата, и го однеле Ернст во концентрационен логор во 1940. Уништена, Леонора заминала во Шпанија. Тензијата што ја преживувала кулминирала со нервен слом во британската амбасада во Мадрид. Нејзините родители веднаш ја сместиле во институција за ментално болни. Таму била под постојана терапија со кардиазол - моќна дрога која предизвикува шок состојба. После извесно време била пуштена на нега кај една медицинска сестра во Лисабон и тогаш Карингтон успеала да избега и да си среди префрлување во Њујорк, со пoмош на еден мексикански дипломат, со кого ја запознал Пикасо. Таа се омажила за дипломатот, затоа што тоа бил условот за тој да и помогне.

Ернст во меѓувреме бил пуштен од германскиот логор, заедно со Пеги Гугенхајм, но тој и Карингтон преживеале толку мизерија што веќе и не можеле да се обединат. Тие случувања биле пресудни како влијание за нејзиното творештво од тогаш до крајот на нејзиниот живот. Продолжила да твори и живее во Мексико и Њујорк.

"Немав време да бидам ничија муза... Бев премногу зафатена со бунтување против моето семејство и учење како да станам уметник." - Леонора Карингтон, 1983

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • La Maison de la Peur (1938) - со илустрации од Макс Ернст
  • Une chemise de nuit de flanelle (1951)
  • El Mundo Magico de Los Mayas (1964) - илустрирана од Леонора Карингтон* The Oval Lady: Surreal Stories (Капра Прес, 1975)
  • The Hearing Trumpet (Routledge, 1976)
  • The Stone Door (New York: St. Martin's Press, 1977)
  • The Seventh Horse and Other Tales (Датон, 1988)
  • The House of Fear (Датон, 1988)
  • The Hearing Trumpet (Boston: Exact Change, 1996)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]