Прејди на содржината

Ленка Бражанска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ленка Бражанска
Роден 2 јуни 1897 година
Штип
Националност Македонка

Ленка Стевкова Бражанска (2 јуни 1897 во Штип — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]
Партизанската споменица 1941, чиј носител е Ленка Бражанска.

Од пролетта 1941 година учествувала во НОД во Скопје. Во 1941 година носела храна на политичките затвореници. Во нејзиниот дом се одржувале илегални состаноци и престојувале илегалци.[1] Во нејзиниот дом престојувале Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Мара Нацева и многу други.[2] Во текот на 1942 и 1943 година два пати била затворена. Во 1943 година била интернирана во село Болно-Крџалиско, Бугарија на 6 месеци. По враќањето продолжила со поранешната активност. Носител е на Партизанска споменица 1941.[1]

По ослободувањето таа била кандидат на изборите во 1945 година и освоила 6230 гласови.[2]

  1. 1 2 3 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1006–1007.
  2. 1 2 Gjorgjievska, Hristina (2024-03-09). „Македонските хероини зад сенката на патријархатот“. ВидиВака. Архивирано од изворникот на 2025-02-26. Посетено на 2025-02-22.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]