Лена Чамамјан
| Лена Чамамјан لينا شماميان | |
|---|---|
Лена Чамамјан во 2021 | |
| Биографски податоци | |
| Роден(а) | 27 јуни 1980 Дамаск, Сирија |
| Жанрови | Поп, џез, фолк |
| Занимања | Пејачка |
| Инструменти | Вокал, пијано |
| Период на активност | 2005–сега |
Лена Чамамјан (Дамаск, 27 јуни 1980) е сириско-ерменска пејачка и текстописец позната по својот единствен глас. Таа вклучува џез, фадо како и латино и африканска музика, па дури и елементи од опера во својата музика. Пеејќи на арапски, ерменски, сириски, англиски и француски јазик, таа е позната како една од најпопуларните пејачки што се појавуваат во современата сириска музика.[1]
Биографија
[уреди | уреди извор]Лена е родена во Дамаск, главен град на Сирија, во 1980 година. Нејзиниот татко Артин е Ерменец од Алепо, а нејзината мајка Гада е Сиријка од Мардин, град на југоисток на денешна Турција. Течно зборува четири јазици: арапски, ерменски, англиски и француски.[2]
Образование
[уреди | уреди извор]Своето музичко образование Лена го должи на нејзината баба Арак, која ја запознала со класичното пеење и традиционалната музика, а особено на нејзиниот татко, саксофонист, кој ја делел љубовта кон ерменскиот јазик и музика. Во детството, учела во ерменско католичко училиште во стариот град Дамаск. Лена почнала да учи музичка теорија на деветгодишна возраст, а нејзиниот прв инструмент бил ксилофонот. После студиите по финансиски менаџмент на Универзитетот во Дамаск, се запишала на Државниот конзерваториум за музика каде студирала класично пеење. Дипломирала на конзерваториумот во 2007 г. и веќе била една од најпознатите арапски изведувачки на Блискиот Исток.[2]
Музичка кариера
[уреди | уреди извор]Лениниот глас – лирски сопран е многу редок во арапскиот свет и брзгу ја издвојил од останатите пејачи. Додека студирала на конзерваториумот, Лена го започнала музичкиот пројекат, патувајќи по сиријските села со колегите, настојувајќи да комбинира влијанија на џезот со ориенталното, арапско-ерменско музичко наследство. Овој проект на крај довел до продукција на нејзините први два албума, Хал Асмар Елон (Hal Asmar Ellon) 2006. и Шамат (Shamat) од 2007 година, во који ги ремиксирала новите верзии на традиционалните и класичните песни, давајќи им нов животна познати арапски класици. [2]
Во текот на студиите се пријавила и на блискоисточниот музички натпревар на Радио Монте Карло, прво од таков вид, на кое победила во 2006 година. Во 2010 година, била меѓу 500 највлијателни личности во во арапскиот свет. Во 2011 година после избивањето на граѓанската војна во Сирија, се преселила во Париз, каде моментално живее и работи.[3]
Во Париз, почнала да учи џез пијано, да пишува и компонира сопствена музика. Нејзината музика црпи инспирација од народната музика, а особено од нејкзините сиријско-ерменски корени. Настапувала во цела Европа и Блискиот исток, а во 2014 година учествувала како член на жири и специјален гостин на меѓународното натпреварување за ерменска музика во Москва. Ова довело до соработка со француско-ерменскиот текстописец и џез-пијанист Андре Манукиан (André Manoukian). Заедно во 2015 година произвеле верзија на ерменската песна Моутн Ер (Црно небо), во еаст на100 годишнината од геноцидот над ерменците.[2]
Нејзиниот четврт албум, ЛАВНАН (Две бои), излегол во 2016 година и настанал од тригодишната соработка со турскиот композитор и канун свирач Гоксел Бактагир.[4]
Музички стил
[уреди | уреди извор]Нејзината музика е позната по спојот на арапски (особено сириски) и ерменски народни песни, заедно со западна класична музика и модерни стилови, како што е џезот. Таа пее главно на арапски и ерменски и е позната по комбинирање на народна музика со модерни стилови, вкрстување на жанрови и создавање нова фузија на традиционалното и новото.
Дискографија
[уреди | уреди извор]Албуми
[уреди | уреди извор]- Хал Асмар Елион (2006)
- Шамат (2007)
- Газл Ел Банат (2013)
- ЛАВНАН (2016)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Award-winning Syrian artist Lena Chamamyan in London“. ArabNews. Посетено на 27. 3. 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=(help) - 1 2 3 4 „LENA CHAMAMYAN“. Aurora Humanitarian Initiative. Посетено на 27. 3. 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=(help) - ↑ „"There's no borders": A chat with Syrian-Armenian singer Lena Chamamyan“. The Muser. Посетено на 27. 3. 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=(help) - ↑ „Lena Chamamyan Biography“. Lena Chamamyan. Архивирано од изворникот на 27. 03. 2023. Посетено на 27. 3. 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=(help)