Лексика според степенот на употреба во македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лексиката според степенот на употреба во македонскиот јазик ја проучува македонската лексика според честотата на употреба на зборовите. Овој вид лексика е една четирите поделби на речничкиот состав на македонскиот јазик.

Особености[уреди | уреди извор]

Во секојдневната комуникација секој човек употребува далеку помалку зборови отколку што реално знае од одредениот јазик, во овој случај Македонскиот. Според истражувањата од областа на лексикологијата, нормално за секој човек е да користи околу 6000 збовори во секојдневниот лексикон. Оваа бројка всушност го застапува активниот речник на еден поединец. Активниот речник е всушност збирот зборови кои еден поединец ги користи во секојдневната комуникација. Спротивно на активниот е пасивниот речник. Пасивниот речник е збир на зборови кои зборувачот на јазикот ги знае, но ги распознава само тогаш кога ќе се сретне со истите, односно кога зборува или чита. Овој пасивен речник не се користи често и редовно.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД. стр. 221. Недостасува |author1= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Поврзано[уреди | уреди извор]