Лекарот (филм од 2013)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Лекарот (германски: Der Medicus) - германски филм од 2013 година, во режија на Филип Штелцл (Philipp Stölzl), кој е автор и на сценариото (засновано врз истоимениот роман на Ноа Гордон), заедно со Јан Бергер. Главните улоги ги толкуваат: Том Пејн, Стелан Скарсгард, Бен Кингсли, Оливие Мартинез и Ема Ригби.

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се случува во 11 век. На деветгодишното дете Роб Коул му умира мајката и тоа му го определува животниот пат. Тој останува сирак и се вработува како помошник на еден патувачки бербер и лекар (го игра Скарсгард), ком му го пренесува целото свое знаење за пуштање крв и вадење заби. Во желбата што повеќе да научи, момчето (го игра Пејн) ја напушта Англија и оди во Исфахан, Персија каде се наоѓаат најдобрите училишта и болници во тоа време, во кои предава научникот и филозоф Ибн Сина, во западниот свет познат како Авицена (го игра Кингсли). Во муслиманскиот свет, христијаните не ги примаат на студии, но Роб не се предава и се преправа во Евреин... [1]

Наводи[уреди | уреди извор]