Леестен (Тириншка Шума)
| Леестен (Тириншка Шума)
Lehesten | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Тирингија |
| Округ | Залфелд-Рудолштат |
| Општ. заед. | Шифергебирге |
| Градски единици | 3 |
| Градоначалник | Рене Бредов (Граѓанска иницијатива Леестен) |
| Основни податоци | |
| Површина | 35,94 км2 |
| Надм. височина | 640 м |
| Население | 1.614 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 45 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | SLF |
| Пошт. бр. | 07349 |
| Повик. бр. | 036653 |
| Портал | www.lehesten.de |
| Местоположба на градот Леестен (Тириншка Шума) во рамките на округот Залфелд-Рудолштат | |
| Координати | 50°28′32″N 11°26′53″E / 50.47556°N 11.44806°E |
Леестен (германски: Lehesten) — мал град во округот Залфелд-Рудолштат, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Градот се наоѓа во Тириншката Шума, 20 километри југоисточно од окружниот град Залфелд.
Леестен поседува недопрена и затворена градска целина со куќи обложени со шкрилци.
Географија
[уреди | уреди извор]Леестен се наоѓа во југоисточниот дел на Тириншката Шума, на Тириншките Шкрилни Планини.
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Градот се граничи на запад со Лудвигсштат, на југ со Тојшниц, Рајхенбах и Чирн, на исток со Вурцбах и на север со Пробсцела.
Градски единици
[уреди | уреди извор]Кон градот Леестен припаѓаат следниве места:
- Бренерсгрин
- Ретерсдорф
- Шмидебах со населбата Беренштајн
Политика
[уреди | уреди извор]Градски совет
[уреди | уреди извор]Градскиот совет на градот Леестен се состои од 12 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[2]
| Партија / Листа | Места | Удел |
| Биргерна (BN) | 5 | 46,0 % |
| Граѓанска иницијатива Леестен (BI) | 4 | 30,1 % |
| Алтернатива за Германија (AfD) | 1 | 11,5 % |
| Социјалдемократска партија на Германија (SPD) | 1 | 6,5 % |
| Слободни гласачи | 1 | 5,9 % |
Градоначалник
[уреди | уреди извор]Градоначалник на градот е Рене Бредов, кој бил избран на 31 јануари 2016 година.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Улица во градот
- Стоковна куќа
- Концентрацискиот камп Лаура
- Градската црква
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
- ↑ Thüringer Landesamt für Statistik. „Wahlen in Thüringen, Gemeinderatswahl 2019 in Thüringen, Stadt Schwarzatal“. Посетено на 2019-08-21.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Леестен (Тириншка Шума) на Ризницата ?- www.lehesten.de (германски)
| ||||||||
|


