Прејди на содржината

Леда и лебедот (Микеланџело)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Копија во Националната галерија

Леда и лебедот — изгубена темперна слика на платно од Микеланџело насликана во 1530 година, а останале само копии во различни верзии. Делото го прикажува грчкиот мит за Леда и лебедот.

Историја

[уреди | уреди извор]
Црте во Каза Буанароти

Во 1512 година, Алфонсо I д'Есте, војводата од Ферара, отишол во Рим за да се помири со папата Јулиј II, кој го изопштил во летото 1510 година поради неговиот сојуз со Луј XII против Република Венеција. Јулиј му простил и Алфонсо поминал неколку дена во Рим пред да се врати во Ферара. На 11 јули ја посетил Сикстинската капела, каде Микеланџело го насликал таванот. Додека се искачувал на сцената, имал долг и восхитувачки разговор со Микеланџело, кој му ветил слика.

Поминале неколку години без да биде официјално потврдена нарачката додека, во 1529 година, Микеланџело морал да замине во Ферара за да дејствува како „Генерален гувернер на утврдувањата“. Република Фиренца ги прегледа нејзините ѕидини, подготвени за очекуваната опсада. Во оваа прилика, војводата го потсетил Микеланџело на неговото ветување, а според Кондиви и Вазари, тој го создал делото кога се вратил во Фиренца во август 1530 година по падот на градот, можеби за времето што морал да го помине во криење. Тоа било квадратно темперно дело кое го прикажува Јупитер како лебед што води љубов со лежечка Леда (заснована на композиција од антички римски резби на скапоцени камења и гравури), јајце и Кастор и Полукс како деца.

Сликата била завршена во средината на октомври 1530 година, но Алфонсо ја нарекол „мала“ кога го испрашувал Микеланџело, па затоа одбил да го предаде. Делото и некои подготвителни цртежи всушност биле набавени (или како купување или подарок) од Антонио Мини, кој ги однел во Франција во 1531 година. Во 1532 година, тој му ја оставил на Франсоа I, кој подоцна ја испратил во дворецот Фонтенбло. Најпознатата копија му се припишува на Росо Фјорентино и се наоѓа во Националната галерија, Лондон[1], други пак се наоѓаат во Галеријата на старите мајстори во (Дрезден), Галеријата на стрите мајстори, Берлин и во музејот Корер во Венеција. Каза Буонароти во Фиренца содржи не само копија, туку и подготвителен цртеж на главата на Леда, за кој се вели дека го имал и самиот Микеланџело.[2] Има и неколку гравури од делото, од кои најверен е оној на Николас Беатризе, на кој исто така се претставени Кастор и Полукс.

  1. „National Gallery article on its copy“.
  2. „Page on the site of the Casa Buonarroti“. Посетено на 2017-08-04.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Ettore Camesasca, Michelangelo pittore, Rizzoli, Milano 1966.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]