Легенди (раскази од Карел Чапек)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Легенди (чешки: Devatero Pohádek...) е збирка раскази од чешкиот писател Карел Чапек. Збирката е објавена во 1967 година, во издание на „Македонска книга - Скопје, во рамките на библиотеката „Златна клупа“. Преводот од словенечки јазик е дело на Димитар Димитров.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Збирката е печатена во мек повез и има 114 страници. Книгата не е каталогизирана. Техничкото уредување е дело на Коста Бојаџиевски, додека нацртот на корицата го направил Томо Шијаковиќ. Во книгата има илустрации, кои се дело на Јозеф Чапек. Коректурата е дело на Драга Стефанова. Книгата била испечатена во графичкиот завод „Гоце Делчев“, во тираж од 10 000 примероци.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката „Легенди“ содржи осум раскази, а покрај нив, на крајот од книгата е дадена белешка за писателот. Во збирката се застапени следниве раскази:[2]

  • Кучешка легенда
  • Птичја легенда
  • Легенда за водните луѓе
  • Разбојничка легенда
  • Легенда за поштарите
  • Скитничка легенда
  • Голема полициска легенда
  • Голема докторска легенда (Коска во грлото, За Сулејманската принцеза, Случајот со Хејкал, Случајот со водниот човек, Случајот со вилите, Како е излечен волшебникот Магијаш).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Карел Чапек, Легенди, Македонска книга, Скопје, 1967.
  2. Карел Чапек, Легенди, Македонска книга, Скопје, 1967.