Легенда за изгубените (филм од 1957)
„Легендата за изгубените“ (англиски: Legend of the Lost) — американско-италијански филм од 1957 година, во режија на Хенри Хатавеј (Henry Hathaway) по сценариото на Роберт Преснел Јуниор (Robert Presnell Jr.) и Бен Хехт (Ben Hecht). Главните улоги ги толкуваат: Џон Вејн (John Wayne), Софија Лорен (Sophia Loren), Росано Браци (Rossano Brazzi), Курт Кашнар (Kurt Kasznar), Ибрахим Ел Хадиш (Ibrahim El Hadish), Анџела Порталури (Angela Portaluri) и Соња Мозер (Sonia Moser). Филмот е снимен во Либија, а се истакнува со извонредната фотографија, дело на Џек Кардиф (Jack Cardiff).[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Дукас (го игра Кашнар) е управник на мал град во Северна Африка во периодот на француското колонијално владеење. Него го посетува угледниот гостин од Европа, отмениот Пол Бонар (го игра Браци), кој организира експедиција во внатрешноста на Сахара со цел да пронајде еден стар, изгубен град. Дукас му препорачува како водич да го ангажира локалниот авантурист Џо Џенуари (го игра Вејн), а во експедицијата им се придружува и убавата Дита (ја игра Лорен)...
Наводи
[уреди | уреди извор]![]() | Оваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Никулци за филм
- Американски филмови
- Италијански филмови
- Авантуристички филмови
- Филмови на англиски јазик
- Филмови од 1957 година
- Филмови на Хенри Хатавеј
- Филмови со Џон Вејн
- Филмови со Софија Лорен
- Филмови со Росано Браци
- Филмови со Курт Кашнар
- Филмови со Ибрахим Ел Хадиш
- Филмови со Анџела Порталури
- Филмови со Соња Мозер
- Филмови чие дејствие се одвива во Сахара
- Филмови снимени во Либија