Прејди на содржината

Легенда за есента

Од Википедија — слободната енциклопедија
Легенда за есента
Плакатот на филмот
Изворен насловLegends of the Fall
РежисерЕдвард Цвик
Продуцент
Сценарист
Заснован на„Легенда за есента“ од Џим Харисон
Главни улоги
МузикаЏејмс Хорнер
КинематографијаЏон Тол
МонтажаСтивен Розенблум
Студио
ДистрибутерSony Pictures Releasing
Премиера23 декември 1994 г.
Времетраење133 минути
Земја САД
Јазик
Буџет30 милиони долари
Бруто-заработка160,6 милиони долари
IMDbID 0110322

Легенда за есента (англиски: Legends of the Fall) — американска епска вестерн-драма од 1994 г., четврт долгометражен филм во режија на Едвард Цвик, заснован на истоимената повест на Џим Харисон од 1979 г.

Главните улоги ги толкуваат Бред Пит, Ентони Хопкинс, Ејдан Квин, Џулија Ормонд и Хенри Томас.

Приказната се одвива околу три браќа и нивниот татко, кои живеат во дивината на рамнините во Монтана на почетокот на XX век, истражувајќи како природата, историјата, војната и љубовта влијаат врз нивните животи. Временскиот опфат на филмот трае речиси 50 години, започнувајќи од почетокот на XX век, минувајќи низ Првата светска војна, епохата на Сувиот закон во САД, па сѐ до кратката сцена што се одвива во 1963 г.

Филмот бил номиниран за три награди „Оскар“ и ја освоил онаа за Најдобра кинематографија (која му припаднала на Џон Тол). И во филмот и во книгата повремено се среќаваат поими на корнски јазик, бидејќи Ладлоу се семејство на доселеници од Корнвол (Корнвалци).[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Приказната се одвива на Карпестите Планини во Монтана во почетокот на 1900-тите години и е повест за љубов, предавство и братство. Откако бил отпуштен од војската, полковникот Вилијам Ладлоу (сер Ентони Хопкинс) одлучува да ги подигне своите три сина во дивината на Монтана, каде што би можеле да растат далеку од владата и општеството што тој научил да ги презира. Тројцата браќа созреваат и се чини дека имаат нераскинлива врска, сѐ додека во нивните животи не влегува Сузана (Џулија Ормонд). Кога Семјуел (Хенри Томас), најмладиот од тројцата, се враќа од факултет, ја носи со себе својата убава свршеница, Сузана. Најстариот син, Алфред (Ејдан Квин), набрзо се вљубува во свршеницата на својот брат, а работите се влошуваат кога тој открива дека се раѓа страст помеѓу Сузана и Тристан (Бред Пит). Тристан, кој е омилениот син на полковникот Вилијам Ладлоу, е самоволен и див како самите планини. Како што браќата заминуваат да се борат во војната во Европа, сомнежот и љубомората се закануваат да ја уништат нивната некогаш нераскинлива врска.

Глумец Улога
Бред ПитТристан Ладлоу
Ентони Хопкинсполковник Вилијам Ладлоу
Ејдан КвинАлфред Ладлоу
Џулија ОрмондСузана Финканон-Ладлоу
Хенри ТомасСемјуел Ладлоу
Кристина ПиклсИзабела Ладлоу
Мечката Бартмечката
Карина ЛомбардИзабел „Изабел Два” Декер-Ладлоу
Пол ДесмондДекер
  1. ↑ . ISBN 978-3-940793-07-2. Занемарен непознатиот параметар |автор= (help); Занемарен непознатиот параметар |страницы= (help); Занемарен непознатиот параметар |год= (help); Занемарен непознатиот параметар |издательство= (help); Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Занемарен непознатиот параметар |ссылка= (help); Отсутно или празно |title= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]