Легендата за Хиспанија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Легендата за Хиспанија е шпанска историска драма, сместена на Пиринејскиот Полуостров, во вториот век п.н.е. Серијата започна да се прикажува на 25 октомври 2010 година на Антена 3. Поради одличната гледаност, серијата беше обновена за втора и трета сезона.

Хиспанија, вториот век пред новата ера. Во светот каде моќта на неколкумина ги одредува животите на многумина, една бунтовничка група Хиспанци, под водство на Вириато, ја избира сопствената судбина. Тие одлучуваат да се борат против Рим за да ја одбранат својата територија, Хиспанија. Вириато е скромен хиспански козар кој ужива во мирниот живот покрај својата ќерка Алтеа.

Но, доаѓањето на римските војници, предводени од Галба, ќе ја промени неговата судбина. Неговото село е нападнато и тој, исполнет со омраза и се колне дека ќе се одмазди, борејќи се со Римјаните до смрт.

Приказна за борба и одмазда, но истовремено и љубовна приказна. Главните ликови се страствени и подготвени се да ризикуваат се, за да ја спасат жената која ја сакаат и да ја ослободат земјата во која пораснале.